Автор: Лура Положани, асистент на Центарот за југоисточни студии на Универзитетот во Грац
Со новата изјава, претседателот Иванов ризикува да и наштети на фрагилната демократија на Македонија, уште еднаш. Претседателот Иванов, со неговата реторика и со поддршката кон движењето “За заедничка Македонија” покажува дека тој е претседател кој е посветен на поделбата на населението на етничка и партиска основа (не може да се кажува на идеолошка основа).
Ѓорѓи Иванов, како претставник на канцеларијата и институцијата на претседател, e претседател на сите граѓани на Република Македонија! Претседател на Mакедонците, Албанците, либералите и конзервативците, на секој- ова е премисата за еден претставник на државата, а не претставник на некоја партија или заедница.
Има многу албански политичари кои би инсистирале дека Иванов не е претседател на Албанците. Иако ова инсистирање може да има логика за политичка пропаганда, не постои фактичка логика, затоа што не постои “албанскиот претседател” во Македонија, фактички постои само Иванов- тој е актуелниот Претседател на Македонија- и истиот ги продава интересите на мнозинството за интересот на неговото партиско малцинство. Изјавите на претседателот Иванов покажуваат недостиг на почит кон канцеларијата што ја води, како и за граѓаните на неговата држава.
Според изјавите на претседателот Иванов, јас –жена, Албанка која верува во демократијата – не сум граѓанин чиј интерес тој го претставува. Фактот дека претседателот на нашата земја го поддржува нападот врз највисоката демократска институција со овации на јазик на омраза кон граѓаните на Македонија, тоа претставува опасен тренд за Македонија. Во кој било контекст на една демократска држава, идејата дека претседател, претставник на граѓаните и државата, ја поддржува една група која напаѓа други претставници на граѓаните, со насилството и говор на омраза, би било апсурдно.
Оваа позиција на претседателот, иако може да изгледа привлечна за неговите другари истомисленици, воопшто не е нешто што треба да се поздрави. Замислете држава во која насилството врз демократските претставници на населението е изложено на ризик од мало малцинство.
Чудно е како група на ултра-националисти која се плаши толку многу од не-мнозински групи, не се плашат од идејата дека мала група луѓе може да ја украдат демократијата, бидејќи, да, тие се малцинство. Може да има многу Македонци кои се националисти, но малку се тие кои би одобриле преземањето на демократските институции во свои раце.
Она што се случи во Парламентот беше невиден настан што никогаш не треба да се повтори, настан кој не ги уплаши Албанците, туку го потресе духот на демократијата и праведна и рамноправна држава, што е страшно нешто за сите граѓани на Македонија. Претседателот Иванов не го претставува демократскиот и мултиетничкиот дух на Македонија и не ги претставува своите граѓани, ја претставува само позицијата на неговата партија и во тој капацитет го злоупотребува својот кабинет и институција. Претседателот Иванов на овој начин предизвикува корозија на довербата на граѓаните на Македонија, доверба која ќе биде тешко да се подобри. Бидејќи претседателот се чини толку загрижен за рехабилитација и помирување на државата, тогаш тој треба да го преиспитува неговото однесување и на тој начин да открие дека тој е еден од главните виновници.

