Три лица се избодени со нож за време на првиот ден од карневалот во Нотинг Хил во Лондон, а едно од нив добило повреди опасни за животот, соопшти лондонската полиција.
Се очекува повеќе од милион луѓе да присуствуваат на карневалот, прослава на афро-карипската култура, што се одржува секоја година на улиците на Нотинг Хил во западен Лондон.
Полицијата соопшти дека во неделата уапсила 90 лица, од кои 10 се приведени за напад на работници на брзата помош, 18 за поседување оружје и четворица за сексуални деликти.
Стотици илјади луѓе денеска дојдоа на карневалот во Нотинг Хил за да уживаат во прославата. За жал, малцинството дојде да изврши кривично дело и да се вклучи во насилство, се вели во соопштението на полицијата.