Полицијата во Лос Анџелес изјавила дека ги истражува последните информации поврзани со пожарот Кенет, за кој сега се претпоставува дека е подметнат пожар.
Според американскиот NBC, осомничениот за подметнат пожар бил уапсен од граѓани, а лицето било во непосредна близина на местото каде што избувнал последниот, шести, пожар наречен Кенет.
Информациите од социјалните мрежи јавуваат дека станувца збор за млад човек кој најверојатно илегално престојува во САД.
Граѓаните кои го совладале и повикале полиција изјавиле дека го фатиле во обид да запали.
Полицијата истражува и дали овој настан е поврзан со други пожари, односно дали постои можност и тие да се подметнати, бидејќи на платформата Х беа објавени и снимки од „граѓани кои палат“.