Зоран Иванов
Ајде ресет.
Рикверц барем за денов голем македонски.
Идеолошките наследници на бугарскиот профашистички патрон Ванчо Михајлов немаат право да држат државни говори за 11-ти октомври.
Немаат.
Безобразно е да се дрзнеш да му се обратиш на македонскиот народ и да и` се обратиш на македонската јавност на Денот на востанието на македонскиот народ.
За да можеш тоа да го сториш, треба да си барем млак поддржувач на идејата на партизанското слободарско и државотворно движење.
На антифашистичкото.
На движењето на народниот отпор.
Тоа да си.
А не, и по сопственото јавно признание, значи и по сопственото убедување, да си дисконтинуитет на македонскиот дел од НОБ.
Практично, според сопствениот исказ, да си дисконтинуитет на создавањето на македонската држава.
И да го поддржуваш и да го продолжуваш партискиот континуитет како континуитет на едно фашистичко ВМРО.
Да негуваш антипод на едно движење кое ти ја создаде државата.
И не само тоа.
Туку и кое, застанувајќи на вистинската, на слободарската, на цивилизациската страна на светската историја, денес не` легитимира како нација со чист историски образ.
Некои народи поради своите водачи како тој вашиот партиски В М, тоа не можат да го кажат.
Ние можеме.
Можете ли вие од ВМРО?
Можете ли?
Можете. Секако. Но прво дисконтинуитет историски.
Дисконтинуитет партиски вмровски од континуитетот партиски вмровски.
Од ванчо михајлизмот.
Прашајте си ги историчарите ваши партиски.
Нешто ги снема.
Нешто молканаа за континуитетот на про фашистот и на анти македонситот и на про бугаристот и на партискиот ви идеолог В М.
Молк.
Молк „патриотски“.
И, што да очекуваме, што да очекува македонскиот народ и државата Македонија за која Македонците се кренаа `41-ва?
Што да очекува од вашиот молк за континуитетот партиски?
Што?
Ништо.
Или само континуитет на лажен македонизам. На историско анти македонство, на анти државност, на анти интеграциска перспектива.
Па, сега, видете и одберете.
Одберете континуитет на генерацијата партизанска што ни ја создаде државата Македонија или останете со континуитетот ванчо михајловистички профашистички.
Континуитет анти слободарски и континуитет анти европски.
Континуитет кој, наместо преку Брисел на пат за ЕУ, не` турка назад, демек во ЕУ, ама преку Софија, во скутот на нашиот идентитетски негатор.
Секако, нивната прикриена но длабоко вкоренета пробугарска свест поради свест или поради интерес, нема да им помине.
Нема.
Секако дека нема се` додека не` има.
А не`има.
Ќе не` има.
Затоа, ајде извинување, историско.
Ако имате доблест, ајде.
Ајде ресет партиско идеолошки.
Рикверц барем како благодарност што една генерација со национална свет ни го случи 11-ти октомври и која го изрти никулецот на државата Македонија.
Па, толку. Другото е до вас. Сторете го тоа таму , прво кај вас внатре партиски.
Сторете го ако навистина сте партија македонска, ако сте за слободна и за самостојна и за независна Македонија.
И за европска, секако.
И ако навистина сте Македонци, а не …
Ајдете.