Зоран Иванов
Со ова ДПМНЕ и со овој ВЛЕН, Македонија, дефинитивно, се откажа од ЕУ.
Какво друго толкување и да нуди власта, ќе е тоа само гола манипулација.
Само бедна лага.
Но ајде, еве, и овде пак за да нема забуна, ЕУ нека се распадне за 5, 10, 20 години.
Дотогаш ние, само ние како држава, само Македонија во потесното и во поширокото опкружување, само ние не ќе сме ниту во ЕУ ниту на европскиот интеграциски пат.
Со ова актуелно, со ова државно водство, и натаму ќе сме на никаков пат.
На никаков.
Не ќе сме дури ниту на некакво беспаќе.
Никаде ќе не сме.
И ова само затоа зашто така им се ќефнало на Мицкоски, на неговите и на кукличката од Водно.
Само затоа што имале рејтинг.
И само затоа што в скутот им заседнаа и комотните од ВЛЕН и карактерните од ЗНАМ.
Само затоа.
Или пак, можеби е таква некаква нивна тајна нова гео позиција.
Некоја нивна нова реалност за која го фатија редот, застанаа први ама од кој и бргу не’ откачија.
Во меѓувреме, не одиме во ЕУ.
За возврат одиме никаде.
Самите ќе сме се справувале со корупцијата и со кредитите и со каматите и самите, онака фино без досадната бирократска ЕУ контрола, ќе си трупаме тендери како претходните лидери па поселе багажник, багажник.
Важно гордо и со ‘рбетот ко прашалник гордо свиткан во гепек.
Филипче вчера им вели ајде резолуција па ако Бугарите пак го тупат, ќе си ги напуштиме интегрциите и барем ќе знаеме дека ЕУ не’ дрибла.
Вака, на невидено како што Мицкоски и малиот демагог од големото мнр водат држава, водат држава како на гравчиња да гледаат.
Ќе не’ блокирале.
Па нека не’ блокираат.
Нејсе, завршувам со темата од насловот:
Молчете си интелектуалци, професори, уредници.
Молчете си пред демагозите кои, нели, името ќе ни го врателе, бугарскиот ќе го репреговарале, реформите самите ќе сме си ги истуркале, …
Молчете си интелектуалци без став и молчете си уредници пропагандисти и резервирајте си навреме тоа визер билетите за да си ги посетите децата и внуците колку да не ве заборават.
Колку да не си ги заборават своите горди родители.
И колку да не си ги заборават и гордите родители на нивните горди родители.
Само вие молчете си, убави се бајките ама …