Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

0
By Zoran Ivanov on May 29, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

СДСМ наместо да и’ наседнува на популистичките „идентитетски“ Пи-Ар финти на ВМРО-ДПМНЕ и исто како и ДПМНЕ да најавува некакво понижувачко лобирање наваму, натаму по европските сродни партии, би било поумесно бргу да ја отфикари Предлог резолуцијата за македонскиот јазик што се крчка во Европскиот парламент.

По цели осум децении во ООН нормативно верификуван македонски јазик, по повеќе од четири децении меѓународно и правно регистриран јазикот наш и писмото наше како македонски и македонско, нашиве партии се препелкаат во сопствената идентитетска загубеност па ќе коленичеле по светот за јазикот наш македонски за идентитетот наш македонски.

Не` јаде срамот од вмровското блебетање за идентитетот и не` јаде срамот и од сдсмовската лепенка на таквото вмровски блефирање.

Идентитетот македонски и јазикот македонски одамна ни се и брендирани и институционално нормирани.

И депонирани.

И овде, во матичната Македонија и по институтите и архивите во сите надлежни меѓународни организации.

И во сите наши македонски училишта, факултети, универзитети.

И во сите домашни и странски архиви.

И на полиците на сите јавни библиотеки дома и во светот.

И во сите музички кутии веќе вгнездени и на сите интернет мрежи.

И сега ние, не ние туку ова ВМРО-ДПМНЕ и еве, новина, и ова СДСМ кое наместо да ги распука и да ги разобличува вмровските квази патриотски манипулации, ќе и’ се приклучело во лобирањето на декларација на европските парламентарци за јазикот наш македонски.

Наместо СДСМ јавно, јасно и силно да ја отфикари најавата за ливчето од Стразбур во кое европратениците ќе си ги чешлаат јазиците за македонскиот идентитет како да сме некое недоносено новороденче од вчера па ќе ни ги пребројуваат гените за потеклото, СДСМ како да почнува да се ценка со, за нацијата и за нејзината држава, докажано штетниот вмровски популизам.

На Македонија и на Македонците допрва, после сите македонски историски битки и победи за држава и за национална себе идентификацијата, веќе ич не ни се потребни било какви идентитетски гаранции од било кого.

Најавените партиски коленичења по некаов одвајкада втемелен национален идентитет и децениски регистриран јазик, не само што се се контра продуктивни, туку се  и авто негаторски.

Затоа, наместо популистичко додворување, би било по умесно и по продуктивно, македонската опозиција итно да ја повика македонската дипломатија да стави вето на темата „македонска нација“ и „македонски јазик“ во Европскиот парламент и воопшто секаде.

Македонија тоа треба да го стори бргу додека нашите негатори и однадвор ама и тие од овде, одвнатре, не почнале, со помош и на ваквите овдешни партиски популистички и дилетантски идентитетски иницијативи, да си ги надградуваат свите вековни антимакедонски стратегии.

И посебно, додека и овдешните ракоплескачи на идејата за некаква европска идентитетска резолуција форсирана од ВМРО-ДПМНЕ, не продолжат, наместо европски реформи, да ни продаваат предзборни идентитетски магли.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.