Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Протестите граѓански се благодет оваа од корупции замаглена држава

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Кој и зошто се исплаши од граѓаните, посебно од младите?

Па власта.

Прпа викаме во Скопје.

Па нели комити, храбри патриоти. А ваму, прпа.

Ете им го вистинското комитско лице.

Активираа се` живо. Од медиуми, преку штабови до навреди и клевети. Ова со заканите им е најсмешното. Зарем уште мислат дека некој им се плаши. Зарем уште има некој да се плаши од партиски закани освен, освен се разбира, корумпираните.

Зарем не гледаат дек кај овие млади генерации, овој вид протести не се само пораки. Тие се отворен јасен став на една генерација. На нова генерација која во македонската политика го прочита она што нивните родители тоа не умееја да го сторат цели три децении.

Оваа генерација сфати дека нема не корумпирана власт. Дека тој коруптивен карцином набрка надвор илјадници нивни, наши сограѓани и дека тие што останаа се задушуваат во врски, пријателства, партизирања, тендерирања, криминални богатења.

Оваа генерација бара ревитализација на вредности во општеството. На домаќински и со образ вреднувања на секој одделно и на секое ниво. И бара одговорност од тие што доброволно се нафатиле да ги водат институциите и на тие што прифатиле да работат во нив.

Кај оваа нова младешка генерација веќе нема политички авторитети. Не паѓа таа на тоа. Не веруваат никому на зборови. Бараат дела.

Власта? Па еве, ги нарече „глодари“. Можеби мисли на политичките противници. Но на кого и да мисли, граѓаните кои протестираат, овие навреди ги доживуваат и лично.

Нема оптимизам дека на кус рок може нешто на подобро да се промени. Власта, оваа популистичка власт посебно, е со докажани тоталитарни манири. На секој збор критика одговара со навреди, со клевети и закани. Веројатно смета на тоа дека со таква ароганција, со покажување мускули, ќе ги затвори луѓето дома.

А всушност е самата исплашена. Блефира со своето препотентно однесување спрема сопствените граѓани па и спрема сопствените гласачи. Зарем тоа не се овие свозовски медиумски акции со пожарникарските скали и хидрантите, а всушност само малку прав в очи да стивнат револтите.

Мачкање очи.

До ова да дојде дозволија тие. До урбанистички хаос, до јавашлук. Испосменија закони да се градат згради без пожарникарски скали и сега што ќе поправаат. Скали ќе ни прават или со хеликоптери ќе не` евакуираат.

Тие направија, тие озаконија криминална и небезбедна држава. И сега тие, тие истите, ќе поправале. Тие ќе средувале, ќе казнувале. Тие.

Тие со истата таа криминогена матрица која уште гради на диво и од алчност, од ненаситност, сосе украденото ја извезуваат во багажници.

Кој уште верува во тоа.

Прпа од граѓански притисок. Од преполната чаша човечки гнев по најтрагичната трагедија предизвикана од системот. Од корупцијата, од алчноста, од подмитливоста, од неказнивоста.

И нека не се мачи партијата на власт со проверки за тоа зошто им се случуваат протести што им предизвикуваат страв. Не треба тука да се прават никакви анализи, некакви студии. Анализа е граѓанскиот притисок.

На сите ни е смачено од врски, пријателства, корупции, непотизми, од партиските послушници, од тоа што на одговорните по институциите не им се слуша гласот и што никој не смее ниту да зуцне без лидерот. Никој освен тој ни пред камера да излезе.

Ова сегашново е реприза на еден претходен уникатен македонски тоталитаризам во кој владее богот, партискиот суверен. Тој е и мајсторот и хаузмајсторот, и кадија и судија, и доктор и сестра зад кого се влечка партиската војска на сите институционални нивоа.

Пропагираат за последици од протестите. Демек институциите не ќе имаале можност да си ја вршат работата.

Медиумските телали се загрижија да не ослабнела полицијата обезбедувајќи протести. Требала да брка криминали.

Па да бркаше криминали немаше да има трагедии и затоа сега нека обезбедува протести за да научи дека ќе треба да си ја врши елементарната работа. Да брка криминали.

Протестите граѓански, и посебно младешки, се благодет за Македонија, за оваа од корупции замаглена држава.

Протестите се таа нужна потреба за кадровско цунами.

За отворање на државата за паметните.

За способните.

За оние со вистински дипломи.

За добрите работници кои си ја бараат платата што им следува за трудот, за знаењето и за ќарот што им го трупаат на своите ненаситни работодавци, на оние со институционално евидентирани екстра профити.

Протестите се битки за простор за тие со дигнитет. За карактерните потиснати од партиските полтрони.

Нема последици од протестите.

Има само придобивки.

Зоран Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.