Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Веќе утре може ќе им приредат и бунт па после …, после Цацко

0
By Zoran Ivanov on January 28, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 28, 2026 23:55

Зоран Иванов

Вечерва протестираа работниците.

На оваа се по неиздржлива скапотија, бараат поголеми плати.
Да, за поголеми плати се сите, ама пари не дава никој.
Вечерва работниците порачаа дека вака повеќе не ќе може.
Ако пари нема, да нема за никој или, со ронка солидарност, да има за секој.
Но, всушност, каде се парите? Кои пари работодавците и властите не им ги даваат на работниците?
Чии се тие пари што не им ги даваат? Кој им ги заработил и на првите, на работодавците и на вторите, на владата?
Или пари нема.
Па ако нема пари за нормални плати тогаш затворајте фирмите, распуштајте владата.
И така не не` бива. Не ве бива.
Топтан. И првите, работодавците, и вторите, владата.
Не ве бива со парите што ви ги заработуваат работниците, како парите во компаниите така и парите во буџетот.
Не ве бива без работниците и без парите што и за првите, работодавачите и за вторите, власта, ви ги заработуваат тие, работниците.
Звучи сартаровски, можеби дури и марксаровски ама и заудара на екстра профитовски.
Целиот актуелен економска амбиент е со арома на вишок пари легнати на шпекулативни сметки.
Пари втурнати во малку но прилично длабоки џебови.
Заудара на екстра профити дрпнати на сметка на малите плати работнички и на сметка на ниските плати службенички.
На сметка на третите, без кои ниту првите газди ќе беа, ниту вторите влада ќе беа.
И првите и вторите, и газдите сосе коморите и тие во власта сосе владата, го имаат тоа што го имаат и се таму каде што се и поради фактот што и профитот на газдите и буџетот на владата за првите да организираат и да управуваат, а вторите да владеат и да остваруваат, им ги обезбедуваат токму третите, работниците нивните, нели, социјални партнери.
И, вообичаено и стопати слушнато, првите ќе речат да не отворале тие работни места, работниците ќе немало каде да работат и од каде да земаат каква таква плата.
Вторите, овие во владата идентично, демек да не биле тие, ќе немало кој да го одржува системот и економски и воопшто, ќе немало образование, здравство и бла, бла и првите и бла, бла и вторите.
Не било време за поголеми плати, немало економска логика.
Е добро, ајде, еве да така. Еве нема причини да не им се верува и на првите, работодавачите, и на вторите, власта, дека во овој актуелен економски миг нема логика, економска најмалку, да се зголемуваат платите.
Инфлација, минфлација и пак, бла, бла.
Нема логика.
Да, ниту за првите, за работодавачите, ниту за вторите, за владата, не држела логиката на третите, на работниците и на службениците, да растат и нивните работнички и службенички плати.
Нема логика и еве, објективно и нека е така.
Ама нема логика и за третите, за работниците и за службениците.
Нема логика секое утро да стравуваат за се` по скромните, за се` по бедните трпези на нивните семејства.
Вечерва во Скопје работниците протестираа.
Протестираа не затоа што нема, туку затоа што протестот има логика.
Затоа протестираа. Против „логиката“ на коморите и против „логиката“ на владата.
Протестираа затоа што скапотијата станува неподнослив и затоа ошто властите си ги накачија платите до небо и затоа што во беспарицава работодавците можат да се луксузираат и со отворање нови маркети, молови, нови банки, нови аптеки со пари кои од небо ли им паѓаат.
Или пак, го прават тоа со пари продукт на екстра профити остварени од луѓето кои денеска протестираа.
А владата нека си продолжи со пинг – понг итровштините да ги турка синдикатите тие самите, без неа, да се договореле со работодавачите кога многу добро знае дека е тоа невозможна мисија и дека од авион се гледа дека таквата владина валканица е во дослух токму со коморите.
И нека си продолжи со игнорот спрема синдикатите и нека си купува време додека коморите и работниците не си се договореле.
Дотогаш, …
Вечерва во Скопје на првите, на работодавачите и на вторите, на владата, третите, работниците, им приредија протест.
Денеска само протест.
Само.
Веќе утре може ќе им приредат и бунт па после … После, Цацко.

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.