Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Вие си знаете дали и натаму клиентелистички ќе си се подместувате за една изборна употреба или …

0
By Zoran Ivanov on October 9, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Зоран Иванов

Само што кликнав на ФБ вечерва, ми се отвори дека на новинарот Бранко Тричковски му тропнале на врата двајца униформирани дечки полицајци.
Биле фини, љубезни како што впрочем и доликува, воспитано. Некој нивен шеф им дал налог на Тричковски да му тутнат ливче да се јави во полициска.
И во ред, легитимно.
Ама нелегитимното е што го канат во полициска поради личен став или поради личен, поради скроз приватен коментар напишан на неговиот на ФБ.
Еј, на ФБ, на Фејсбук.
За коментар или за став на Фејсбук ви ѕвони полиција на врата.
Алоо МВР, алооо, влада, за ФБ.
Човекот на кого двајцата млади униформирани полицајци му тутнале в рака ливче со покана за во полициска станица, ми е колега.
Не знам дали тој така и колку како таков ме доживува зашто имаме, мислам имаме, побаеги идентични гледишта но и побаеги разлики за некои наши гледања за некои општи овдешни нешта, ама, ама пусти Панче и неговите униформирани и не унформирани, да викнете било кој на информативен во полициска станица за личен став, за личен коментар на ФБ, а тоа да не биде по пријава на некој „повреден“ и духовно „поболен“ од „тешкиот“ збор на, во случајов, ФБ граѓанинот Тричковски, не може поинаку да се регистрира освен како институционален крах.
Крах морален.
Крах началначко полициски, крах министерски, крах премиерски.
Посебно премиерски како субјект погоден од „болката“ поради Фејсбук коментар, еве нека е и на новинарот, а не само на ФБ граѓанинот Тричковски.
Се`е тоа крах до крах. Морален и институционален.
И што тоа мажишта ќе беа налогодавачите кои за една ситна болка „душевна“, малтретират наши млади униформирани деца за, од авион се гледа, „политички притисок“ поради некаков, во случајов, вербален граѓански суд.
Оттука, тоа впечатокот субјективен за тоа „малоумен“, малоумен за било кој макар тоа и да е претседател, премиер, министер, началник, пробајте ич да не ги трошите ресурсите полициски.
Ич.
Не се глупирајте.
Чувајте ги кадрите народни за тоа за што учеле во полициското.
Не ги абите да ни тропаат по вратите поради нечии суети повредени, поради бенигни и демократски „деликти“ вербални.
Младите униформирани полицајци кои, по редот на нештата, претпоставувам, од кабинетот на власта, преку кабинетот на министерот па преку кабинетот на градскиот полициски шеф, од локалниот началник ја добиле задачата да заѕвонат на портата на граѓанинот Тричковски за негови атрибут напишан на неговиот приватен фејсбук ѕид, верувам, имаат и други поважни професионални обврски од тие што како налог ги добиле од својот претпоставен полициски началник зашто, за времето нивно изгубено, некому и те како му била потребна нивната интервенција или било каква друга легитимна полициска помош.
Дечките унифрмирани се обучени за справување со други ситуации.
За криминално-безбедносни, а не за поштенски услуги поради бенигни фејсбук статусу.
Затоа, не ги потценувајте и не ги понижувајте.
И, додворувачки, не трошете ги кадровските ресурси на македонската полиција.
Имала таа и ќе има и натаму уште многу времени началници и уште многу времени министри.
И премиери, исто.
Пробајте да оставите впечаток за тоа како каков началник и за тоа како каков министер ќе ве памети јавноста и за тоа каков белег ќе оставите во историјата на македонската полиција.
Разбирате ли? Не?
Па, добро.
Вие си знаете за тоа дали и натаму клиентелистички ќе си се подместувате за една изборна употреба или …

 

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.