Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Луѓето почнуваат да сфаќаат какво зло избрале

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во Европа ќе сме влегле само достоинствено.
Се разбира, самиот влез е знак на највисокото достоинство. Но, кај нас достоинството го дефинираат мамлази и луѓе со опасни намери. И инструменти какви што се медиумите. А за нив како и за мнозинството од народот единствено достоинство е достоинството на жртва. Статус од кој се плашат да излезат затоа што немаат односно мислат и чувствуваат дека немаат ништо друго

Бранко Тричковски

Луѓето кои со невидена страст учествуваа во исмејувањето на највисоките меѓународни дострели на Северна Македонија, значи на реалната афирмација и втемелување на националните интереси и специфичните белези, како идејни заблуди ставени во функција на демонтажата на власта на сдсм и дуи и на инсталацијата и на окупацијата од страна на партијата чии опасни и демонтирачки намери беа евидентни низ сиве овие 35 години, сега почнуваат да сфаќаат дека Македонија може и да исчезне!!!
Се разбира дека може.
И не само што може туку сигурно ќе исчезне според научно утврдената вистина дека кога од митот (за вмро) прави политички концепт ентитетот ја предизвикува агонијата и својата смрт.
Тоа е декаденцијата во која длабоко сме влезени.
Уште на почетокот на тие 35 години јас тврдев дека Македонија како независна држава и нација и вмро не можат да постојат истовремено односно можат додека вмро го демонтира проектот цигла по цигла.
Се разбира јас не ги негирам слабостите на претходната власт, но тие не беа разумна причина за Македонецот да го земе кубурот и да се убие во името на славните јунаци и уште помалку во името на денешните лудаци.
Ме радува тоа освестување оти без помошта и на овие луѓе тешко ќе се пребориме со злото, но дури и величината на таа мисија не може да ме сопре да ги кажам овие работи и нивните манифестации какви што беа демонстрацијата на невидените глупости на митинзите против преговарачката рамка, еј, демек против наводната бугаризација, еј, против се што е здраворазумско, како што и во тоа време и денес е одбивањето да се внесат Бугарите во Уставот како некаков патриотски чин.
И кампањата против дуи не во интерес на правото законот и правдата туку како дел од демонтажата овој пат преку ширење на омразата кон Албанците.
Многумина ја беа рзбрале демократијата како комотна платформа за игра, а Македонија како објект на играта врз кој тие се слободни да прават што сакаат дури и во сферата на политиката. Затоа што Македонија ја сметаа за фикс. За своја. Само своја. За свој балон кој ги штити од надворешните ветришта.
Во Европа ќе сме влегле само достоинствено.
Се разбира, самиот влез е знак на највисокото достоинство. Но, кај нас достоинството го дефинираат мамлази и луѓе со опасни намери. И инструменти какви што се медиумите. А за нив како и за мнозинството од народот единствено достоинство е достоинството на жртва. Статус од кој се плашат да излезат затоа што немаат односно мислат и чувствуваат дека немаат ништо друго.
Сто пати сум пишувал: не е потребен никаков подвиг доволно е да бидеме нормални. Но некои викаат дека тоа ќе биде најголемиот подвиг во плитката историја на Македонците. Да ја вратат излеаната река на хистеријата во коритото на нормалноста.
Тоа ќе биде тешко затоа што Македонија е успешен повеќегодишен тест за кретенизмот кој се покажа успешен и сега почнува да се применува во САД.
Ние бевме лабораториски бели глувци!
Третирани со митомански вмронит.
И медиумски глупофит.
И се уште сме.
Замислете.
Чистка, предавници, непријатели на сите страни, мегаломании, царство на идиотите, окупација на институциите односно нивно разорување преку потчинување, уништување на образиванието и културата.
Чист македонски синдром.
Агелер, верувам, никогаш не била порадосна.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Бранко Тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.