Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска во „Топ тема“: Под лупа се 84 маркети на КАМ низ целата држава

0
By Sashko on March 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во досегашната работа на Управата за јавни приходи (УЈП) е утврдено дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици е константирано дека тоа што значи основен производ и спаѓа во делот на одлуката на Владата, не се почитува до крај, истакна вечерва директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, наведе дека, согласно она што го утврдиле од теренските контроли во изминатите два дена, во интерес на граѓаните и во интерес на зачувување на стандардот, УЈП има обврска, и професионална и морална, да постапува.

Директорката на УЈП информираше дека над 300 инспектори и контролори на УЈП во моментот се наоѓаат во сите придружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност.

„За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добиваме и соодветни други сознанија во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обврзник. Добиваме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните“, нагласи Лукаревска.

Таа потенцира дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава.

Директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, пак, изјави дека досега најмногу контроли биле извршени за продажбата на маслото, на лебот и на брашното, на артикли за кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната.

„Од почетокот на одлуката, од 1 март до денеска, имаме извршено над 600 надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194.060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144.360 евра, 36.400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување“, наведе Симеска Димоска.

Таа појасни дека казните од 36.400 евра се изречени за трговците за кои било констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините, а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.