Хрватскиот интернет портал „Лупига“ ги повикува читателите да му помогнат да собере финансиски средства за да опстане и да продолжи да работи.
-Драги наши, велат дека оркестарот на Титаник свирел оној ден кога ја пронашол својата санта лед. Ниту кај нас не е весело. Дури е и турбулентно. Ни се јавуваат луѓе од сите страни, не уверуваат дека нема да биде залудно, дека не има доволно.
По постоење од повеќе од 16 години, дојде време кога мораме да ве замолиме Вас за помош, нашите читатели, читателки, нашите сопатници и сопатнички. До моментот кога Министерството за култура ќе распише конкурс за средства од ЕУ фондовите, Лупига останува без пари за работење. Се вративме во периодот 2001-2013 кога единствено гориво ни беше ентузијазот.
Новинарството се плаќа на различни начини. Весниците имаат своја цена, телевизиската претплата има своја цена, Нетфликс и програмските пакети исто така. Имаат и огласите – само не за новинарството кое со огласите се уценува за кого смее или не смее да пишува. Цена е вашето драгоцено време – пишува во повикот за помош.
Ова е клучен натпревар за опстанок. Започнавме „краудфандинг“ кампања. Помогнете ни да собереме 19.999 долари. Тој износ е половина од средствата кои се потребни за годишно функционирање на редакцијата.

