Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајкрософт ќе ги оддели Тимс и Офис пакетите заради ЕУ регулативите

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел, ПауерПонт и Аутлук, преку пакетите Офис 365 и Мајкрософт 365.

Како што соопшти Европската комисија, американската компанија се обврзала да ги нуди своите пакети без Тимс и тоа по намалени цени, да им овозможи на постојните клиенти префрлање на пакети без Тимс, да обезбеди интероперабилност за клучните функции помеѓу конкурентските алатки за комуникација и соработка со одредени производи на „Мајкрософт“ и да им овозможи на корисниците да ги преместат своите податоци од Тимс на конкурентски платформи.

Според ЕК, со ова „Мајкрософт“ ќе придонесе за овозможување фер конкуренцијата и ќе го отвори пазарот за други добавувачи на алатки за комуникација и соработка.

Извршната потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција, Тереза Рибера информира дека со ова „Мајкрософт“ се обврзува да стави крај на неговите „практики на врзување“ што ги оневозможуваше конкурентите ефикасно да се натпреваруваат со Тимс.

Тоа овозможува конкуренција на овој клучен пазар и им гарантира на бизнисите слободен избор на производот за комуникација и соработка, што најдобро одговара на нивните потреби, наведе Рибера, потсетувајќи дека од пандемијата на корона вирусот, голем број организации во Европа и низ целиот свет во голема мера се потпираат на алатки за видеоконференции, разговори и соработка.

Преземените обврски од страна на „Мајкрософт“ ќе важат во следните седум години.

измени Мајкрософт теамс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.