Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, Саксонија.
Инцидентот се случил вечерва кога возило се забило директно во посетители на пазарот. Медиумите јавуваат дека се повредени 60 лица.
Возачот на автомобилот е уапсен.
Сведоци изјавиле дека возилото се движело право во насобраната толпа.