Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маглата го спречи Мијалков да дојде на судење со „Фокус“

0
By Сашка Цветковска on December 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес се одржа последното рочиште пред пресудата во случајот Мијалков против „Фокус“. На распитот искази даваа главната уредничка на неделникот „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов кои се тужени од страна на директорот на УБК Сашо Мијалков поради пренесена изјава од поранешниот амбасадор во Чешка Игор Илиевски, во кој што текст амбасадорот тврдеше дека имал притисоци од првиот човек наУБК.

Сашо Мијалков не се појави на распитот, а на прашањето на судијата зошто не е тука, неговите застапник одговори кусо дека директорот е „спречен поради маглата“.

Распитот требаше да се одржи пред две рочишта, но беше одложуван поради отсуството на Мијалков. Одбраната инсистираше тој да се појави на распитот и да објасни колку е повреден и навреден и во која мера му е нарушена честа. Првиот пат распитот се одложи бидејжи адвокатот на тужителот тврдеше дека Мијалков не бил уредно повикан, а вториот распит се одложи поради неговите службени обврски. Овојпат во прашање беше маглата, но распитот сепак се одржа со Костова и Апостолов.

Побарувањата на тужителот се големи: по две илјади евра од новинарот Владо Апостолов и поранешниот амбасадор кој е исто така тужен и 10.000 евра од уредникот Јадранка Костова.

За тужбата на Мијалков против „Фокус“ летоска интерес пројави и специјалниот известувач за слобода на изразување на Обединетите нации Франк Ла Ру. За време на својата посета во земјава Ла Ру се појави во Основниот суд 2 со намера да присуствува на судењето, но тогаш рочиштето беше одложено. Тој истакна дека е особено заинтересиран за овој случај нагласувајќи дека новинарите не треба да одговораат за пренесени изјави,

-Многу сум заинтересиран за судењето на Фокус бидејќи е врзано со слободата на изразувањето за што треба да се заинтересирани сите. Медиумите не треба да бидат одговорни за пренесување на информации од трети страни, а третата страна може да биде самата одговорна за изјавите, истакна Ла Ру.

Ова судење го следат и меѓународните и домашни организации чии претставници редовно присуствуваат на судските рочишта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.