Семејството Петрески осум години талкаат низ лавиринтите на здравствениот систем и се уште не знаат од што точно боледува нивниот син, 32 годишниот Игор кој веќе две години е сместен во психијатриската болница во Демир Хисар. Неговата мајка Славица во ПРОЦЕС вели дека бараат ревизија на начинот на лекувањето каде фигурираат постојано различни дијагнози,а неговата здравствена состојба е се потешка. Таа покажа потресни фотографии и документи од кои се гледа дека нејзиниот син бил тепан, врзуван со синџири и каиши. Славица предупредува дека случајот е ургентен бидејќи Игор е на крај на сила, но одговор од комисијата која скоро цела година го испитува случајот се уште нема.