Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајстори на играта

0
By Биљана Секуловска on February 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во еден момент, во еден микро момент, Груевски може и да помисли дека овој пат, сепак ќе ја одигра играта без да му затрепери раката. Во тој миг, говориме сепак за тоа прелетување на мисла која само изгледа како секунда на спас, секако дека има право.

Многу е можна таа мисла за победничко изигрување која се родила како идеја и исчезнува, како да и не се појавила, но неговото право да мисли така, никој не може да му го одземе, си мисли тој.

Конечно, тука се големите планови за величенствената победа.

Тука е најпрво претседателот Иванов, кој донел слична одлука како Груевски, да се оди докрај, да се држат заедно, макар и криминалите и злоупотребите се продлабочувале, макар да се висело заедно, иако да било одделно, би имало поголема шанса да се преживее.

Потоа, тука е и Ахмети, како и целото крило на ДУИ кое брои едвај неколку прсти од раката, кое се стиснало силно до Груевски, кое го фатило за рацете, продавајќи му ги фантазиите дека додека се тие со него нема така лесно да исчезнат, и мислат притоа, дека штетата која низ годините ја прават и која кулминира сега, ќе биде заборавена, и тоа сама од себе.

Шансите да е преигра Заев и целата опозиција се навистина големи, ако одиме по логиката на ова устоличено братство, оската Груевски-Иванов-Ахмети.

Да се растегнуваат деновите, да се ситни трпението, да се ужива како останатиот свет околу нив ги крева рамениците од немоќ и да се остави времето да ги упропасти сите шанси, додека не дојде моментот за нови избори и нови фалсификувани победи.

Но, во овој сон во кој замрзнала оваа тројка Груевски- Иванов-Ахмети, би сакала некој да ги предупреди на опасноста на која, по се изгледа, не помислуваат и не ја градат стратегијата на новото преигрување.

Заиграни во новата игра во која кои си ги доделиле старите улоги, забораваат на пајаковата мрежа и мајсторството на старата игра која им ја испорача токму Заев и никој повеќе и никој подобро.

Заборавија се. Бомбите кои ги добиваа секојдневно, почетоците и засилувањето на протестите, потпишувањето на Пржински договори, оставки на Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Ставревски, Јанакиевски, нови протести, нова кулминација, Шарена револуција, каде секојдневно се раѓаа нови и нови бели, зелени, жолти, сини и црвени деца.

Нов свет кој сега ги опкружува и кој, колку дилетантски, тие го забораваат, и се надеваат на нов мрак во кој тие би не заплеткале.

Едно нешто мора да се има на ум, кога стапуваат на сцена политички наивци од типот на Груевски и Ахмети, она што филмот “Мис Слоун” се  препорачува да се изигра, наспроти бесмислената тактика: “Јас дојдов за да победам”. Којзнае зошто, тие го заборавија Заев.  Којзнае зошто, превидоа зошто дошол. Којзнае зошто, ги сметнаа од ум кога пристигнаа и со која цел, белите, жолтите, зелените, сините, црвените деца. Тоа доаѓање значи само едно- за да се победи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.