Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците на компир и леб

0
By Сашка Цветковска on July 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од година во година Македонците купуваат се помалку храна, ова го покажува последната публикација на Заводот за статистика за потрошувачката на домаќинствата за 2012 година кои потрошувачката ја споредуваат со 2010 година, но ако истата се спореди со 2005 година податоците се уште позастрашувачки.

Се намалила употребата на речиси сите прехрамбени производи, со исклучок на краставиците и копмпирите, а зголемена е и употребата на свинска маст на сметка на другите маснотии.

Едно просечно четиричлено семејство во 2012 можело да си дозволи 273 килограми леб, што е 8 килограми помалку од 2010 година и дури 40 килограми помалку од 2005 година.
Дури 100 килограми помалку брашно семејствата потрошиле лани споредено со 2005.

Во однос на 2007 година, пораснала единствено потрошувачката на компири – 105 килограми годишно, но истото семејство во 2005 можело да си купи 128 килограми компири годишно. Слично е и со оризот, односно едно семејство лани можело да си дозволи 25 килорами ориз или 11.5 килограми помалку од 2005 година.

Застрашувачки се податоците во однос на конзумирањето овошје, зеленчук, месо, млеко и јајца.

Во 2012 просечното семејство купило 30 килограми домати помалку од 2005 и 28 килограми помалку пиперки во однос на истата година.

Речиси и да нема зеленчук и овошје каде потрошувачката по семејство на годишно ниво не е намалена десетици килограми во однос на 2005 година. На пример, четворица дома изеле само по килограм и половина цреши цела година.

Потрошувачката на месо, риба и преработки од место е исто така драстично намалена, иако податоците говорат дека македонските семејства речиси и никогаш немале доволно за јагнешко, риба, телешко и другите видови кои нутриционстите ги сместуваат во здрава исхрана. Само 1, 5 килограми јагнешко годишно можело да си дозволи просечното семејство лани, додека во 2005 имале можност да купат 3 килограми јагнешко месо.

Од риба четворица дома купиле само 15 килограми во текот на 2012 година, 19 килограми во текот на 2010 година, а во 2005 можеле да си дозволат 7 килограми повеќе од лани.

Помалку пари имало дури и за кафе. Лани просечното семејство испило 9 килограми кафе, додека во 2005 година 12 килограми. Се испиле о 20 литри помалку пиво во однос на 2005 година, четири литри помалку вино.

Најдрастичен пад има кај млекото, речиси 70 колограми помалку млеко во однос на 2005 година кога четворица на годишно ниво купувале во просек по 210 литри млеко, споредено со лани кога купиле 134 литри.

Едно просечно четиричлено семејство во 2012 година на располагање имало 328.444 илјади денари годишно, а во просекот на вработен човек по семејство изнесувал 1.04 проценти.

На оваа фотографија може да се погледне табелата од Заводот за статистика за куповната моќ во 2012 споредено со 2010 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.