Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците најмногу подмитуваат полицајци и судии

0
By Сашка Цветковска on July 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонците најмногу поткупувале полицајци (19 проценти), на второ место е митото во судството (16 проценти) и здравството со 13 проценти. Вкупно 17 проценти од испитаниците од Македонија во глобалното истражување на Транспаренси Интернешнал признале дека дале мито за да добијат одредена услуга. Иако оваа бројка од 17 проценти претставува намалување во однос на истражувањето од 2010 година кога процентот изнесувал 21, сепак, од Транспарентност Интернешнл Македонија велат дека податоците се се уште загрижувачки и обележуваат критична фаза во степенот на корупција.

Најголем дел од испитаниците или 42 проценти одговориле дека поткупот го дале затоа што тоа било единствен начин да добијат одрена услуга или да ги забрзаат процедурите.

Македонците, исто така, во голема мера сметаат дека нивото на корупција не е намалено или останало исто или 70 проценти од испитаниците одговориле дека корупцијата варира од многу или малку зголемена до иста, додека 26 проценти сметаат дека малку е намалена, а само 4 проценти дека е многу намалена во последните две години.

„Намалени“ се и оценките за ефективноста на Владата во борбата против корупцијата во однос на 2010 година. Ако во 2010 повеќе од половина од испитаниците одговориле дека Владата е многу или до одреден степен ефективна во намалувањето на корупција, годинава процентот паднал, па сега само 10 проценти сметаат дека Владата е многу ефективна, а 29 проценти дека е до одреден степен ефективна во борбата против корупција.

Индексот за корупција во земјава за политичките партии, парламентот, приватниот сектор, образованието, судството, медиумите и невладините организации е 4,1 на скалата од 1 до 5, со тоа што единицата означува „не се корумпирани“, а петката дека се „екстремно корумпирани“.

Овие резултати се дел од светското најголемо истражување за јавното мислење за корупцијата на Транспаренси Интернешнал наречено Барометар на глобална корупција 2013.

Во видеото погледнете дел од презентацијата на Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Интернешнл – Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.