Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците се топовско месо во офанзивата против Историјата

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Северномакедонска нација е идеја со многу мали шанси. Оглупавената нација тешко или никако нема да може да ја свари, тешко или никако нема да може да се мобилизира политичка, теориска, историска и филозофска артикулација на идејата, прашање е дали и другите етницитети кои треба да најдат идентификација во оваа формула, ќе ја прифатат … Но, се се ова прашања.

Бранко Тричковски

Да беше разумна и храбра, на чело со визионери наместо салоњери, Македонија ќе се конституираше како политичка нација на почетокот на независноста. Затоа што беше јасно дека во новите геополитички и вредносни доминации кон крајот на минатиот милениум, етничките Македонци во краток период ќе останат без моќ и капацитети да ја контролираат, управуваат и унапредуваат државата од позиција на газди со тапии од Јајце, Прохор Пчињски и другите југословенски коти.

Мали дози на разбраноста и упатеноста ги натераа Македонците да направат мали камуфлажи кои беа феноменално добро дозирани за да не ја нарушат илузијата за доминацијата на етничката нација.

Се разбира, развојот на настаните, и тука и во светот, бргу ги фрли во дефанзива и целата нивна политика во изминативе 35 години се сведе на изнудено предавање на дел по дел од ексклузивитетите на малцинствата односно народностите кои во меѓувреме станаа народи. Во форма на порази, се разбира, кои успешно ги менаџираше злосторничката инсталација на вмро за да ја претвори македонската нација во фрустрирана флотантна маса.

Тое и резултатот на паметта разретчена со големи количества митови, емоции и чиста и растечка глупост.

Таа инсталација сега е на чело на платформата за ремакедонизирање на Македонија односно за враќање на територијата, нормативите и политиките, особено на меѓународен план, под контрола на македонската етничка компонента, односно на најлудите и најграбежливите меѓу неа…

Тоа е одредување на судбината на Македонците како топовско месо во офанзивата против Историјата.

Така убаво вклопливо во љубимата им руска теорија и пракса на војните.

Денеска го читам напорот на Ивон Величковски да ја изнесе и образложи идејата за “северномакедонска нација.”

Заслужува внимание и почит, како и во повеќето други свои обраќања. Со кои се кандидира како водечка фигура на македонската политичка алтернатива и единствена фигура на модерната политичка мисла.

Северномакедонска нација е идеја со многу мали шанси. Оглупавената нација тешко или никако нема да може да ја свари, тешко или никако нема да може да се мобилизира политичка, теориска, историска и филозофска артикулација на идејата, прашање е дали и другите етницитети кои треба да најдат идентификација во оваа формула, ќе ја прифатат…

Но, се се ова прашања.

Она што е категорично тоа е дека без обид да се реконституираме според моделот на Ивон, следи неизбежен и, јас мислам, брз крах во форма на федерализација, конфедерализација, сепарација, имплозија и исчезнување на македонскиот национален феномен, можно е и со крвави порои.

Ама тоа е полошо од смрт!!!

Така ќе речат идиотите од вмро и вмровските ластари во другите партии.

Да, треба да им се рече, ако е подобро- умрете, пи.ка ви лепа материна.

Патриотска!

Не случајно повеќе пати сум ја соочувал македонската јавност со тезите дека илинденскиот циклус умре во ликот и делото на вмро, (џабе ќе се редите на Гумење и Мечкин камен) а асномскиот во неуспехот на сдсм, и дека мораме да влеземе во нова димензија на постоењето.

Но елитата, политичка, интелектуална, олигархиска и медиумска, ги откри своите плитки корени и капацитети и решија да ја бранат Македонија на Македонците, по цената на големиот ку.ац на Историјата.

Ќе биде тоа добра и праведна размена.

Инсистирам на ова: праведна!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.