Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонец во депресија

0
By Zoran Ivanov on January 26, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 26, 2026 20:09

Од депресивната состојба не може да се извлече ништо што е достојно за спомен. На кого и на што да се сеќаваме, а тоа да не е зло, од крвавото собрание, до коњските свињарии кон Мечкин камен, од отворањето на експресни патишта на кои ќе гинат луѓе и полицајци, до Диво насеље со луѓе што како глинени голуби ќе ги испрати премиерот лилно.

Бранко Тричковски

Оној што ќе го зафати депресија е осуден на сиромаштво затоа што за него се прекинува натамошното патување и хоризонтот имплодира.

Секој психоаналитичар би сакал на својот кауч да легне еден Македонец.

Или Македонка.

Она што никаде не води не може да се препознае како пат, ниту како пат натаму, ниту како пат за назад.

Колкава и да е пропагандата при отворањето.

Кај нас тоа е затната цевка низ која не води Револуционерната инсталација.

Викана вмро.

Таму кај што нема пат, не асфалт или макадам, пат, и начин по него да се оди, таму општеството кон ништо не се стреми или се стреми кон ништото, ништо не се учи, освен како парада и фарса, ништо не се постигнува, освен како силен прдеж на шефот на долгата маса на која сите ручаат, ништо не се објаснува, освен како тралалајки за приспивна на големите деца.

Сто и една приказна.

Хоризонтот не се шири, далечните точки немаат привлечност.

Од депресивната состојба не може да се извлече ништо што е достојно за спомен.

На кого и на што да се сеќаваме, а тоа да не е зло, од крвавото собрание, до коњските свињарии кон Мечкин камен, од отворањето на експресни патишта на кои ќе гинат луѓе и полицајци, до Диво насеље со луѓе што како глинени голуби ќе ги испрати премиерот лилно.

Од бројлерските реформи на дебелата весна до медиумските изблици на катеринизмот.

Тие спомени од денешен аспект самите на себе си изгледаат неизлечиво банални. Чувството на светот што го има Рилкеовиот пантер кој се врти во својот кавез и повеќе не го чувствува светот зад шипките, соодветствува на филтерот низ кој депресивниот Македонец го гледа светот.

Повеќе неспособен да допре дури и до она што му е најблиску.

Депресијата го изразува уништувањето на просторот на односите.

Добриот простор исчезнува ако колабира радиусот кој интензивно ги држи раздвоени точката и противточката на заедничкиот обем.

Ние таа раздвоеност ја загубивме.

Сите сме говна излезени од ист шупак.

Шупакот е точката на нашето спојување.

Смрдеа што некој ќе мора да ја изрине и фрли во канализацијата на Историјата,

Штета за овие осумдесетина години време и простор што и го узурпиравме и на Историјата и на некои други формации.

Треба да и се извиниме пред да дојдат по нас со шмркот или со лопатите.

Во секој случај: Голем успех на вмро.

Честитки.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бранко триќковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.