Фрлете по еден поглед преку рамото и ќе ги видите урнатините на Македонија: од образованието, до културата, науката и економијата, архитектурата, урбанистиката, мишелинската надворешна политика.
Македонија направи Газа од себе си.
Вмро со помош на востанатиот народ против себе.
И олигархиската и интелектуална елита натопени во фолклорна патетика и строга општа, политичка и историска неписменост.
Извештајот на Европската унија за напредокот на Македонија многу убедливо покажа дека ликвидацијата се одвива многу добро и дека Брисел очекува дека наскоро ќе биде завршена.
Завчера во Дрисла беа однесени големи парчиња од Македонија во форма на ѓубре.
Повеќе од пола нација падна во транс.
Извор: Фронтлајн.мк
