Жан Н., државјанин на Македонија, денеска се поли со бензин и се запали во обид да се самоубие, бидејќи работници му дојдоа да ја урнат бараката во која живееше со неговата мајка во Нов Белград. Откако работниците го изгасија со ПП апарат, несреќното момче само пешачело до продавница оддалечена еден километар да моли за помош.
Како што дознава „Блиц“ од работници на градилиштето до бараката, Жан и неговата мајка имале станарско право, но морале да бидат иселени бидејќи нивната барака, во која живееле повеќе од 30 години, се наоѓала на градилиште на станбен комплекс. Ситуацијата набрзина ескалирала, па очаен што ќе останат без кров над глава, момчето се самозапали.
Жан Н. со тешки изгореници бил префрлен во Ургентниот центар во Белград.