Македонската Влада на денешната вонредна 46-та седница го овласти амбасадорот во НАТО, Дане Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во Алијансата.
„Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа вонредната, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески да даде согласност за прием на Шведска и на Финска за членство во Алијансата“, се вели во соопштението на владината прес-служба.
Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија минатата недела.
Попладнево, пак, неименуван претставник на Алијансата, за германскуте медиуми, изјави дека Турција ги реализирала најавите и стави вето на преговорите за членство на двете скандинавски земји во Северноатлантскиот сојуз.