Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е и понатаму под закана да ја загуби препораката

0
By Борјан Јовановски on August 27, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија како така направи добар исчекор. Извештај има, и сега е време да се излезе од К15 приказната за тоа кој кому ја скрши кичмата. Сериозните полтичари и аналитичари тој муабет нека го остават на децата на игралиште и на пензионерите пред кооперациите.

Извештајот на ад хок комисијата е само една од точките на политичкиот договор од 1 март.

Со нетрпение очекувам да се спроведат и наредните чекори и имплементацијата на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политичкиот договор од 1 март, порача со дипломатски јазик Штефан Филе.

Ако се протолкува оваа порака јасно е дека таа ја одразува неговата нервоза дека до 16 октомври може да не биде во можност да обезбеди поддршка од земјите членки на ЕУ за евентуалната препорака за почеток на преговори и со тоа да удри печат на и онака разнишаната кредибилност на директоратот на проширување на ЕК во очите на Советот на министрите и тоа особено по прашањето за Македонија.

Во моментов сем Филе малкумина се оние во ЕУ кои воопшто разговараат за било какви преговори со Македонија. Амбасадорот на Литванија како претседавач на ЕУ тоа доста непријатно експлицитно ни го соопшти.

Па така ако некој во Македонија е заинтересиран воопшто за ЕУ под итно треба да размисли како да му се овозможи на Филе да ја избутка петтата по ред препорака за Македонија.

Премиерот особено, нема простор за маалско перчење и заканување со предвремени избори за кои многу добро знае дека не може да ги организира пред да биде испочитуван договорот од 1 март.

„Изборна реформа, по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР“ стои напишано во точката 3 од договорот од 1 март и од неа нема бегање сем ако Груевски не решил да ја затвора вратата на Македонија кон ЕУ па без имплементација на овој параграф од точката 3 да оди на избори.

Во таа иста точка стои и тоа дека треба да се седне да се разговара за имплементацијата на препораките на ад хок комисијата и не помалку важно, да се продолжи прекинатиот дијалог со Здружението на новинарите. (Во мартовскиот договор е наведено ЗНМ и ниту еден друг МАН или ЖЕНА).

Сето ова како што имплиците стои во договорот треба да се случува во добар дух кој го одразува политичкиот консензус во државата за европските интеграциски процеси а не во духот на пародиите на К 15 за тоа кој кому ја скрши кичмата, дека на крајот единствена со скршена кичма ќе биде Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.