Центарот за управување со кризи објави за локациите на активните пожари:
– Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
– Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
– Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
– Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
– Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
– Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
– Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
– Кичево 3: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
– Гази Баба: с.Трубарево (сува трева);
– Крива Паланка: нас.Ловачки дом (сува трева).