Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија има три ер-трактори за гаснење пожари – еден е функционален, вториот се чека да биде вратен од операторот, третиот се сервисира

0
By Sashko on July 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за управување со кризи (ЦУК) е подготвен како никогаш досега за справување со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од десет сериозни шумски пожари на територијата на државата, но сите биле брзо изгаснати и затоа граѓаните не знаат за нив.

Тој, во вечерашното гостување на ТВ Сител, посочи дека ер-тракторите се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите на Ангелов, од трите ер-трактори, едниот е функционален, додека вториот се чека да биде донесен од операторот, а третиот се сервисира.

„Имаме два функционални хеликоптера на Армијата, опремени, со искусна посада. Овие хеликоптери се покажаа како исклучително значајни минатата година. Од оваа година, еден хеликоптер на МВР е оспособен за гаснење на пожари. Значи, еден хеликоптер и еден авион повеќе од минатата година. Покрај тоа, имаме 820 професионални пожарникари, 200 доброволци од противпожарни друштво. Покрај пожарникарите имаме 60 возила, 45 цистерни, потоа теренски возила со носивост 500, 600 литри, кои можат да се движат по тешко пристапни терени“, посочи Ангелов.

Директорот на ЦУК најави средба на „Отворен Балкан“ во Тирана на којашто ќе се договара меѓусебна помош за шумските пожари.

„Наредната недела во Тирана ќе се одржи средба на „Отворен Балкан“ на којашто меѓу другото ќе се зборува и за цивилната заштита и кризниот менаџмент. На лице место ќе договориме, доколку има потреба од помош на одредена држава, како тоа да биде направено на еден брз и ефикасен начин, бидејќи понекогаш оние протоколи кај воздухопловите знаат да ја успорат процедурата како што впрочем се случи минатото лето кога од страна на Србија веднаш нѝ беа понудени хеликоптери, а ние изгубивме драгоцени часови додека да бидат обезбедени потребните дозволи. Оваа година ќе се погрижиме доколку има потреба целата таа процедура да биде скратена на минимум за да кога ќе побараме помош доколку странска држава има можност да помогне нивните летала брзо да влезат на наша територија“, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК посочи дека освен опремата, многу е битен човечкиот фактор во гаснењето на пожари.

„Има едно воено правило – додека воена чизма не згазне на боиште, битката не е добиена. Истото важи и за пожарите, додека пожарникарска чизма не згазне на земја, пожарот не е изгаснат. Хеликоптерите и авионите помагаат во гаснењето, но луѓето се тие коишто го гаснат целосно, го догаснуваат и потоа внимаваат истиот пожар повторно да не се разбуди и распали и да не се прошири“, истакна Ангелов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.