Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја демне уште еден меѓународен скандал во бизнисот со депонии

0
By Сашка Цветковска on October 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општините од Југоисточна Македонија одбиле да го потпишат договорот со австриската фирма АСА Интернешнл која уште пред речиси три години го добила тендерот за концесија за управување со отпадот и изградба на депонијата. Оваа вест денеска преку писмено соопштение ја соопшти партијата ДОМ во кое се вели дека „ова се случува по тригодишен транспарентен процес на преговори помеѓу 10 општини, неколку министерства и понудувачот избран на меѓународен оглас“.

-Ова покажува дека управувањето со отпад во земјава е жртва на локални игри и интереси. Ако им била потребна владина поддршка за решавање на старите диви депонии, за да дојдат до пониска цена за ѓубрарина, требало тоа да го кажат на почетокот и да издејствуваат грантови кои постојат за таа намена, а не да го пролонгираат процесот во стилот сакам-неќам, се вели во реакцијата на ДОМ.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска за НОВА вели дека е крајно разочарана од овој потег.

-Не е само Југоисточна Македонија, ова се случува и во Полошкиот регион и во општина Сара. Жално е да градиме имиџ на валкана земја која не може да се справи со отпадот. Трета година инвеститорот не може да потпише договор на транспарентно и легално добиен тендер, а последиците освен еколошки можат да значат и меѓународна тужба за Македонија, вели Поповска за НОВА.

Аса Интернешнл извиси и за Дрисла

Компанијата АСА Интернешнл се натпреваруваше и на тендерот за концесијата над скопската депонија „Дрисла“. Нивната понуда помина во првата фаза, но не и во втората кога тие беа дискфалификувани. На тендерот победи италијанскиот конзорциум, а второрангираната германска компанија „Шолц“ веќе ја тужи општината Скопје за нерегуларности во тендерската постапка. НОВА за овој скандал пишуваше повеќе од една година, а извори во австриската компанија со кои НОВА разговараше тогаше велеа дека се воздржале од жалби за постапката за „Дрисла“ бидејќи стравувале дека тој потег може да им го загрози договорот за регионалната депонија на Југоистокот.

Под регионалната депонија требаше да влезат општините Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Радовиш, Конче, Ново Село, Василево и Босилево, а таа треба да биде лоцирана во василевското село Добрашинци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.