Веле Митаноски: Одавна сум скептичен кон бриселската бирократија од ЕУ. Ниту, пак, сум некој посебен фан на САД. Ниту, пак, некому му е потребно моето мислење. Сепак, не можам да премолчам дека нашето денешно “спонзорирање” на американската декларација во ООН, од страна на МНР на Муцунски, болно потсетува на “спонзорството” од времето на Бујар Османи! Зошто, повторно такво истрчавање, кое не обврзува при гласањето? Колку за споредба: Србија се определи за Брисел, а не за Вашингтон. Белким не сме поголеми Руси ( и Доналдовци) од Вучиќ и Вулин!?