Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија работи на национална стратегија за вештачка интелигенција

0
By Нова ТВ on April 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предизвици и можности со кои се соочуваат иновативните компании од областа на вештачка интелигенција во Македонија беше темата на последниот #FITRClassroom, организиран од страна на ФИТР. Свои размислувања и искуства на темата презентираа претставници на компании кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески од Aidea Lab, Нино Карас од Codewell unlimited, Дашмир Истрефи од Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd. За време на настанот свое обраќање имаше Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

“ФИТР ќе продолжи да биде двигател на промените во општеството. Затоа ќе иницирам во Владата да се креира работна група која ќе работи на Националната стратегија за вештачка интелигенција, која ФИТР институционално ќе ја предводи. А која потоа ќе влезе и во големата слика за развојот на државата, а тоа е Националната развојна стратегија 2021-2041” изјави Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција претставува почеток на заложбите на Владата и ФИТР која ќе овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуват и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од страна на компаниите.

“Оваа индустрија има голем потенцијал за развој во нашата земја, но сепак факт е дека потребни им се огромни финансиски средства на компаниите за да започнат. Со креирањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција, ќе им дадеме шанса на многу иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти. Бројката од 6 компании од областа на вештачка интелигенција кои се поддржани од ФИТР, во износ од 441.737 евра, се надевам дека во иднина ќе прерасне во многу поголема бројка на иновативни компании кои сме ги поддржале”, истакна Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пристапот до дата центри, потребата од соодветно образование како и потребата од моќна опрема се главните предизвици со кои се соочуваат компаниите кои развиваат иновации базирани на вештачка интелигенција, истакнаа претставниците. Сепак, сите се сложни дека донесувањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција ќе им донесе многу придобивки за нив како компании кои веќе развиваат иновации но и за сите кои сакаат да започнат да развиваат во оваа насока. На истото се надоврзаа и Светлана Кордумова Трајанова, од компанијата Pixyle.ai и Дашмир Истрефи од Hoyo Tech кои истакнаа дека раните успеси на ова поле се сеуште на почеток, но тие веруваат дека Македонија има потенцијал да ги следи и применува ваквите иновации и набрзо сите да ги осетат придобивките од оваа револуционерна технологијата

Според Христијан Ѓорески претставник од компанијата Aidea Lab, вештачката интелигенција како следен неизбежен чекор во дигитална револуција, е огромна можност и потенцијал за малите држави, уште повеќе за малите фирми – стартапи. “Можеби звучи контрадикторно, но тоа што се мали, стартапи ги прави флексибилно, прилагодливи, им дава можност да прават “ефтини” грешки. И најбитно од се, им дава можност релативно лесно да тестираат на мал пазар – нови, храбри, револуционерни идеи и со тоа да ја покажат нивната вредност и изводливост” изјави Христијан.

За моќта која ја поседува вештачката интелигенција, зборуваше Александар Савески од компанијата Si-mAInd, кој има развиено проект Мила АИ со кој има можност да ја позиционира Северна Македонија во првите три земји во светот по технолошки развој во сферата на вештачка интелигенција.  “Мила АИ е прва технологија во светот која е способна покрај интелигентни да прави и емоционалини расудувања за околината и тоа го прави 40 пати по ефикасно од моментално најактуелните технологии кои се применуваат во светот”, изјави Александар Савески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.