НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија станува земја на старци

0
By Сашка Цветковска on November 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во прилепската болница во моментов недостигаат 25 специјалисти од различни области и уште 50-тина лица среден медицински персонал. Само минатата година и само од овој град 30 лекари заминале на работа во Германија. Таков е и случајот со млад хирург од прилепската болница. Гоце.М. веќе е при крај со подготовките за заминување во Германија.

„Нема поента да останам. Условите за работа се невозможни, платите се како просечна плата на вработен во администрација, а во Германија ќе добијам барем 3.000 евра за почеток. Зошто би останал по толку години учење медицина. Дури и за оваа бедна плата додека да се вработам народски речено „исплукав крв“ бидејќи тие со книшки од партија и со семејни врски секогаш имаа предност“, вели младиот лекар – хирург.

Одливот на мозоци институционално никој не го признава како проблем, но потезите во пракса покажуваат дека Македонија веќе го плаќа данокот за долгогодишните погрешни политики со младите и кфалификувани кадри. Една од илустрациите за тоа е и неодамнешниот оглас кој го распиша министерот за здравство Никола Тодоров почна да бара лекари од Србија кои би работеле во Македонија.

Речиси и нема место во Македонија каде што нема недостиг од лекари, хирурзи, сестри, болничари. Но здравството е само една од низата илустрации за сериозниот одлив на млади кфалификувани кадри од високообразовани до занаетчии, па дури и млади без особени кфалификации кои едноставно одлучуваат да заминат во потрага по било каква работа која ќе им донесе парче леб и топол стан.

Црни перспективи – земја без луѓе

Македонија вече 12 години не направила попис на населението што не само што оневозможува да се видат точно и презицно трендовите на миграција, туку и да се направи било каква сериозна стратегија во однос на спречување на миграциите. Во моментов се потпираме на спорадичните бројки со кои оперираат релевантни европски и светски институции како Светската банка и Европското статистичко биро (Еуростат). Најцрни се прогнозите на Обединетите нации според кои Македониј во 2030 година ќе има едвај 15 проценти млади луѓе.


Инфографик: Фидан Николовски

Дописничката мрежа на НОВА неодамна објави стории насловени како „Досие Млади“ во кои што студенти, средношколци и невработени млади зборуваа за перспективите кои ги гледаат во земјата и надвор. Поголемиот дел од нашите соговорници својата иднина не ја гледаат во Македонија.

„Прво ќе си отидат од селото во некој поблизок град. Потоа од тој град ќе заминат во главниот град. На крајот, ќе видат дека и таму нема леб, па конечно ќе извадат билет во еден правец“, вели чичко Трајан од Кочани кој што всушност со нас ја споделува приказната на својот внук кој што поодамна заминал да работи во Германија.

Некои заминале, а други се каат што тоа не го сториле.

„Животот тука не лош, ама проблем ни се парите. Мојата и платата на мојот сопруг не стигнуваат ниту за основните потреби. Ако работите не се подобрат, јас иднината на моите деца не ја гледам овде. Јас направив грешка што останав, но нема да дозволам тоа да се случи со моите деца“, вели 33 годишната Ана од Штип.

Партизацијата на општеството е причина за комплетна недоверба дека некогаш некому ќе му се врати инвестираното.

„Јас работам во приватна компанија за 10 илјади денари. За исто толку пари во сендвичарница и кафуле работат и двајца мои другари. Шанса за вработување на некое подобро место или во државна институција има само ако по цел ден висиш во партиски штаб“, револтирано раскажува 24 годишниот Димитар.

Но што ако повеќето заминат? Што ако не сториме ништо? Размислува ли некој сериозно за последиците доколку се остварат проекциите на Обединетите нации.

„Овие трендови се апсолутно негативни. Не можете да очекувате да растете и да се развивате како земја на економски план ако не создавате вредности. А ако немате млади, немате шанси за иновирање, со тоа немате шанси за економски раст и на крајот ќе немате ниту луѓе со што перспективите за опстанок ви се мрачни“, вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.

„Ако владините политики на младите луѓе не гледаат како на ресурси за опстанок на земјата, туку како на робови кои им се нудат на странските инвеститори за минималци и плати од 200 евра, тогаш што очекувате да се случи, да седат овде во афрички услови?! Не, туку во природата на човекот е да мигрира и да бараат подобри услови за себе и своите семејства“, вели претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи.

Кучи вели дека погрешните економски и образовни политики ги бркаат луѓето надвор, и тоа не само млади туку и стари.

„Ако никој посериозно не почне да се занимава со прашањето на масовниот одлив ова општество нема да може да го издржи опстанокот. Ние и во 2014 не можеме да најдеме кфалификувани работници, па како некој замислува да има економија и да има држава без луѓе во неа“, вели Кучи и додава дека тие на овие прашања постојано зборуваат со владините преставници. “Но за жал, ова ниту има кој да го чуе ниту има кој да седне и да се фати за работа, затоа сум песимист, зошто никој не го гледа црвениот аларм“, додава Кучи.

Додека ЕУ дебатира за младите ние не можеме ниту да се попишеме

Претседателката на Младинскиот образовен форум Дона Костуранова за НОВА вели дека дел од проблемот, исто така, е и комплетната икслученост на младите од процесот на креирање политики што е резултат на игнорантскиот институционале однос кон оваа значајна група граѓани.

„Младите во Македонија многу малку можат да учествуваат во политиките кои се однесуваат директно на нив. Додека во други земји во Европа, а и нашето соседство, младите преку своите национални претставнички тела (совети) се еден од клучните чинители со кои властите комуницираат и заеднички ги креираат политиките за млади, во Македонија оваа пракса не постои. За пример, Националниот младински совет на Македонија кој го создаваат 57 организации се уште не е признаен од клучните институции во својата земја, со исклучок на соработката со Секретаријатот за европски прашања, додека на европско ниво веќе соработува со Европскиот младински форум, а дури и се најде во резолуцијата која Ричард Ховит ја поднесе до Европскиот парламент“, вели Костуранова за НОВА.

Кој бега од убавини

„Нашиот прогрес како нација и држава ќе нема резултат без нашиот прогрес во образованието. Човечкиот ум е основен ресурс“, ова го има кажано славниот американски претседател Џон Кенеди, а македонскиот премиер Никола Груевски го цитираше во неговиот говор на Мечкин камен по повод 2 Август.

Како и за секој друг проблем, така и за овој недостасува вистинска и широка јавна дебата. Постојаните експерименти со вакви или онакви проекти кои би требало да ги поттикнуваат вработувања не можат да ги сокријат фактите кои произлегуваат од голите бројки, како онаа дека од буџетот на Македонија во 2014 се издвоиле само 0,002 проценти за наука или 1,75 милиони евра за развој на научноистражувачката дејност.

Во моментов во Европската унија се води широка дебата за миграциите во Источна Европа. Романија на пример дури сега се соочува со последиците од губењето на кфалификуван медицински кадар кој по влезот во ЕУ почна масовно да се одлева во западноевропските земји. Причните се едноставни – луѓето природно бараат подобри економски и социјални услови и очекуваат да им се врати она што тие во себе го инвестирале. Кога поединецот не чувствува дека инвестираното време му се враќа, тогаш својот капитал во форма на вештини и знаење го „сели“ во општество во кое смета дека ќе му се врати.

Терминот „brain drain“ кој е глобално одомаќинет во неговата англиска верзија, а во превод значи „одлив на мозоци“ во дефиниција претставува миграција на образовани или талентирани луѓе. Кованицата прв пат почнува да се употребува во 60-тите години од минатиот век во Британија, а со неа се опишувал трендот на голема миграција на британските научници и техничари во САД и Канада. Во економијата овој термин се употребува за да се опише движењето на капиталот од една земја во друга поради тоа што во земјата од каде што доаѓа тој ресурс не е инвестирано. Во случајов, под капитал се подразбираат човечките ресурси. Економијата овие одливи ги поврзува со социјални и економски загуби на земјата од која што луѓето мигрираат бидејќи поаѓа од прифатениот принцип дека најважниот ресурс на едно општество се луѓето.

Глобалната организација „Транспарентност Интернешнл“ редовно ги анализра врските помеѓу одливот на мозоци и корупцијата. Нивните анализи говорат дека корумпираните општества имаат понизок економски раст, поголеми класни разлики и нееднаков пристап од правда и јавни добра за сите граѓани. Според „Транспарентност Интернешнл“ корупцијата е клучен фактор во одлуката за мигрирање на високообразование индивидуалци, за што говорат и земјите од кои има најголем одлив на мозоци – земји со повисока корупција, лоша администрација и јавна инфраструктира.

Прочитајте повеќе стории за млади и миграции изработени од дописничката мрежа на НОВА
Досие Млади

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.