Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија вечерва во Палермо по сензација против Италија во баражот за СП во Катар

0
By Sashko on March 24, 2022 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) ѝ гостува на Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светско првенство во Катар. „Азурите“ важат за големи фаворити, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка и обид за сензација против актуелниот европски шампион. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу 2.000 Македонци.

Победникот од овој меч во финалето ќе оди на мегдан кај поуспешниот од пресметката меѓу Португалија – Турција.

Покрај овие две средби, вечер ќе играат уште Шведска – Шкотска и Велс – Австрија. Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено ја доби победата против Русија.

Елмас: Шансите се 50-50

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, поради жолти картони, нема да може да ѝ помогне на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар со Италија во баражот за Светското првенство. Меѓутоа тој верува дека неговите репрезентативни колеги можат да направат изненадување и шансите ги проценува на 50-50.

„Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција. Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесно меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да нè потценат. Шансите се 50-50. Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание“, смета Елмас.

И Италија се соочува со проблеми во поглед на отсуствата на фудбалери поради повреди. Неизвесни се Кјелини и Бонучи, столбови на одбраната, но Елмас смета дека Македонија треба да го запре средниот ред.

„Одбраната може да биде мал проблем за Италијанците. Фудбалерите кои се стандардни во дефанзивата со години, сега се соочуваат со повреди. Средниот ред е клучната алка и ако го затвориме тој простор ќе биде проблем за нив, сподели македонскиот креативец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.