Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија влегува во „Александрополис“ за енергетска независност – да бидеме коридор за природен гас

0
By Нова ТВ on March 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проектот во Александрополис, Грција, кој предвидува изградба на терминал за гас и гасна централа има европско значење. Компанијата Гастрејд, која е главна во проектот, потпиша договор за аквизиција на 20 отсто од својот основен капитал од страна на ДЕСФА С.А., сопственик и оператор на Националниот систем за пренос на природен гас на Грција.

„Ова е европски проект од заеднички интерес, приоритетен проект на Европската унија, кој ја зајакнува безбедноста на снабдувањето, ги диверзифицира изворите и патиштата за снабдување со енергија, ја зајакнува конкуренцијата и поддржува воспоставување природен гас трговски центар во поширокиот регион на Југоисточна Европа, носејќи очигледни придобивки за сите крајни потрошувачи“, се вели во соопштението при потпишување на договорот, а пренесува Независен весник во својата анализа на темата.

Проектот го поддржува и САД, важен им е за американските инвестиции во регионот, па затоа премиерот Зоран Заев во една прилика изјави дека поврзувањето со Грција е со поддршка на ЕУ и САД, но и дека Северна Македонија прераснува во енергетски коридор. Истото мислење го сподели и помошникот-државен секретар за енергетика на САД, Френсис Фанон. Фанон истакна дека она што го гледаат овде е навистина трансформативно. Тој оцени дека Северна Македонија во овој проект е важна во однос на географијата како регионален центар и додаде дека ќе ги поттикнат американските инвестиции во Северна Македонија.

„Геополитичките импликации се значителни, затоа што во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога било која било дражва е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој државата може да ги реализира своите политики. САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност“, мета Фанон.

Според Независен весник, Северна Македонија ќе инвестира околу 140 милиони евра во терминал за течен гас и гасна централа во Александрополис, Грција. Во терминалот нашата држава е планирано да учевствува со 10 отсто, а во гасната централа ќе има удел од 25 отсто. Во гасниот терминал учесник ќе биде Национални енергетски ресурси (НЕР), а во гасната централа, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Несомнено дека ова е важен чекор за државата затоа што ќе се овозможи да бидеме транзитна земја за пренос на гас, но и дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со енергија. Ако се земе предвид дека ЕСМ ќе има 25 отсто удел тогаш јасно е дека ќе се подобрат перформансите на компанијата во процесот на производство на електрична енергија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.