Во мај оваа година се потрошени вкупно 544.181 мегават часови на електрична енергија, 3.801 мил. нормални метри кубни природен гас (нм3), 470.502 тони јаглен и 98.497 тони на нафтени продукти.
Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75,7 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,5 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.