Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонофобија

0
By Marija Todorovska on January 8, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Бидејќи концептот на ЕУ и зачленувањето во неа е прифаќање и споделување на заеднички цивилизациски вредности, но пристапувањето кон неа треба всушност да означува, првично врска со најблиските, со соседите кое историско заедништво секако е несомнено. Токму тука се споделува менталитетот, обичаите, традицијата, навиките, секојдневниот живот. Тоа е придобивката која малку кој ја приметува, а која ја означува суштината на нашите евро-атлантски аспирации . Да влеземе во поширокото семејство, не за да заминеме далеку, туку да останеме тука, блиску со соседите, со пријателите, со најблиските.

Никица Корубин
Богот Фобос (Φόβος), син на богот на војната Арес и на божицата на љубовта Афродита, е всушност самото чувство на “страв” од секаков вид. “Страв” кој модерноста го превзема од антиката преку севкупната терминолошка одредница: фобија. Па, ако Фобос во антиката бил само едната страна од стравот – паниката, а другата ја држел неговиот брат Дејмос – теророт; фобијата денес, го опфаќа концептот на развивање на страв, антагонизам и аверзија кон нешто, базично на ниво на ирационалност и субјективност. И ако антиката суптилно ги рационализирала емоциите и човечкото постапување преку боговите; денес тие “стравови” се во функција на субјективизацијата и нејзина проекција над општото – фобијата.
И затоа, полезно е за разбирање на сите други фобии кои наменски се креираат, негуваат и поттикнуваат кај нас (албанофобија, бугарофобија, ЕУ – фобија), да се вратиме на темелната фобија – македонофобијата. Како основа и предуслов за сите останати. Македонофобијата може да ја дефинираме како страв од Северна Македонија, како независна држава, која логично развива аверзија кон идејата за независност од веќе определниот концепт за Македонија (како дел од СФРЈ), како непозната и неконтролабилна реалност, антагонизирајќи го нејзиното постоење кон сопствените граѓани по сите основи – системски, институционално, идентитетски, општествено, култоролошки, цивилизациски – до ниво на целосна релативизација, сублимирано во едно: “не не’ бива”.
Па, изгубени во сите форми на “небивање” од распонот: од нас држава не бива, преку сомнеж во институциите, судството, администрацијата, здравството, универзитетите, економијата до сомнежот во сопствениот идентитет. Кој всушност се наметнува како иманентна фобија – врз емоциите на секој еден. Ирационален страв дека е нападнат, загрозен, во опасност. Како лично античкиот хеленски бог Фобос, да завладеал со нас и нашата паника.
Па, во таа паника, изложени на константен стрес и апатија, несигурни во себе водени од ирационалноот страв; логично сигурноста треба да ја најдеме во ирационалната реалност. Онаа која не постои ефективно, ама постои имагинарно и емоционално. Во единствента “сигурна дефиниција (и контролабилна)” на Македонија и македонското, по “наша мерка” – југословенска Македонија. Во закрилата и контролата на другиот, а не независен и сам по себе.
И тој страв е се чини “стравот над стравовите”. Стравот од промена на (себе)спознавањето без наметнатите наративни од 20-од век (српски, бановински, југословенски) за тоа која е етничката и секоја друга индивидуална и колективна идентитетска одредница. Без цензура и без манипулација со фактите и контекстот. Без вештачки релации и туѓи хегемонизми. Без интервенција во културното наследство и институционалната религиозност. Без сомнежот кон природните текови и наследени обичаи, комуникации и однос.
Однос кон нас самите, кон нашето природно и цивилизациско опкружување кон кое негуваме рамнодушност, наместо страст, љубов и заштита. И тоа е клучниот идентитетски проблем кој свесно се таргетира: своето да не го чувствуваме како свое. Највидливо преку нашиот речиси импулсивен однос кон нашето културно и природно наследство. Силни на зборови, ѕверови на дело. А, потоа лесно пренослив кон секој сегмент во системот на државата – ништо да не чувствуваме за “наше” освен тесниот, личен круг. Себичност на која сведочиме на дневна основа – корупција, примитивност, бахатост, ароганција, насилство.
Всушност, само-перцепцијата за нас самите, која наменски се гради, преку парадоксален микс од пост-јусловенска апстрактна супериорност на Македонците вис а вис Албанците и Бугарите; во комбинација со негувањето на инфериорност и зависност од иститот тој пост-југословенски наратив за тоа што се (и смеат да бидат) Македонците; идентитетот го прави возможен само преку конфликти и фобии.
Преку ирационално стравови, кои произведуваат ирационално ситуации. “Супериорни сме, ама идентитетот ни е загрозен”? “Македонци сме, само ако не сме Бугари и ако сме различни од Албанците”? “Македонија цела е наша, и ние тука сме центарот, затоа што Скопје е вековната престолнината на Македонците”? До степен што брутално систематски го уништуваме античкиот локалитет Скупи со нови градби, од преголема грижа за антиката, идентитетот и Македонија. Патриоти на зборови, варвари на дело. И секој антички (идентитетски) локалитет што ќе ни се најде на патот.
И токму затоа, со оваа проектирана фобија, македонофобијата, мора прво да се соочиме. Стравот од наша сопствена држава не е наш изворен страв. Туку наша изворна битка. Идентитетска. Која е водена во различни историски периоди, со различен историски контекст. И тоа е историја базирана на факти. Историја базирана на меморија. Северна Македонија е борбата и на цивилизараниот свет за современа држава која ќе ги чува сеќавањата, ќе ја почитува различноста и ќе постои во контекстот на сопственото време.
“Бидејќи концептот на ЕУ и зачленувањето во неа е прифаќање и споделување на заеднички цивилизациски вредности, но пристапувањето кон неа треба всушност да означува, првично врска со најблиските, со соседите кое историско заедништво секако е несомнено. Токму тука се споделува менталитетот, обичаите, традицијата, навиките, секојдневниот живот. Тоа е придобивката која малку кој ја приметува, а која ја означува суштината на нашите евро-атлантски аспирации . Да влеземе во поширокото семејство, не за да заминеме далеку, туку да останеме тука, блиску со соседите, со пријателите, со најблиските. Затоа овој договор означува историја, но не онаа која треба да ја проучуваме, туку она која ќе ја живееме. Ослободени од предрасудите и стравовите, со јасна идеја за контекстот во кој живееме, и како поединци, но и како држава, која сме обврзани да ја развиваме. За доброто на сите” – дел од моето обраќање како пратеник во парламентот, при ратификувањето на Договорот со Бугарија, во 2018 година.
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.