Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската радио телевизија – јавен сервис или историски споменик?

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската радио телевизија е најмалку гледана во 2017 година, според анализата направена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Но тоа не е изненадување знаејќи ја состојбата во која МРТВ се наоѓа минативе години. МРТВ тоне во долгови, а и учеството на Евросонг беше доведено во прашање. Радиодифузната такса беше укината овој октомври, па во иднина телевизијата ќе биде финансирана исклучиво од буџетот и рекламите.

На лошата состојба во која се наоѓа јавниот сервис, граѓаните реагираа уште за време на минатата власт.

Граѓанската организација „Ајде!“ во февруари 2015 година одржа протестен перформанс пред зградата на МРТВ. Активистите тогаш порачаа дека МРТВ треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон.

Скромна програмска понуда

МРТВ има три програмски канали, од кои вториот е на јазиците на малцинствата во Македонија, а третиот е Собранискиот канал кој врши преноси од работата на Собранието.

Пред неколку денови беше предложен и нов четврт канал кој би известувал на јазиците на помалите етнички заедници во Македонија, а тие се ромската, српската, влашката, турската и бошњачката заедница. Ова значи дека вториот канал кој во моментов емитува програма на сите мацинства, во иднина ќе биде само за најголемото малцинство во Македонија – албанското.

– МРТ има тристепен модел на управување, кој на хартија гарантира институционална автономност во одлучувањето. Длабинската анализа на програмските содржини покажа дека МРТ не само што не ги исполнува во целост своите функции на јавен радиодифузен сервис на граѓаните, туку во определени ситуации целосно се става во улога на директен актер и инструмент за пропаганда на власта – пишува во Анализата на работењето на МРТВ, објавена во 2013 година.

– Присуството на содржини од сопствена или од домашна продукција е многу скромно, а содржините кои се емитуваат се главно студиски програми со слаб продукциски квалитет кои изгледаат продукциски анахроно, монотоно и неатрактивно. Забележителен е недостигот од домашни образовни програми, особено во делот наменет за публиката од училишна возраст. Домашната документарна програма е застапена во мал обем, идеолошки е обоена и насочена кон историјата.  Ваквиот приод треба да се измени и да се прошири на различни општествени области. Домашната продукција треба да се збогати и со квалитетни играни програми – пишува во истата анализа.

Потребни се реформи

Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар, поранешна новинарка во МРТВ и граѓанска активистка вели дека Македонската радио телевизија треба да се реформира од темел.

– Таа речиси никогаш не била вистински јавен сервис на граѓаните , а во последниве години стана само пропаганден мегафон на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Оттаму, моите препораки одат во насока на длабинско, „до коска“ внатрешно скенирање на состојбите , па дури потоа планирање на следните чекори.  Потребна е сериозна јавна расправа со вклучување на сите клучни фактори и експерти , за тоа каков и колкав јавен сервис ни е потребен и како тоа може да се постигне.

Исто така, потребно е екипирање со професионалци кои имаат интегритет и кои знаат што значи јавен и современ радиодифузен сервис на граѓаните.  А за техничко-технолошкото опремување и да не зборувам.

И финансирањето е многу важно за независноста на јавниот сервис. Ставањето на буџетски јасли според мене, може да биде само времено, а не и трајно решение.  Во меѓувреме,  тоа  мора да биде многу прецизно и јасно законски дефинирано  за да не остави каков било простор за влијание од страна на владата и државните институции.

Со други зборови, реформите на МРТ бараат политичка волја, посветеност,  знаење и време.  Се друго е само импровизација – вели Билјана Бејкова.

Новоназначениот директор на МИА, новинарот Драган Антоновски беше од оние кои уште за време на минатата власт велеше дека јавниот сервис мора да претрпи реформи.

– За МРТВ не е клучен проблем законот, клучен проблем е недостаток на кадар , изгубената доверба,  украдените пари и изнесената опрема и архива. Дури  и процентот од буџетот да биде поголем, законот да се донесе утре, проблемот останува.

Кој да ја гледа  и слуша МРТВ!? Гледаноста  и враќањето на довербата ке бидат многу долг процес, а во тоа меѓувреме потребни се,  не еден двајца директори, туку пред се професионалци, и  пак не еден двајца  туку цел тим на луѓе. Од портир ,  возач , снимател , монтажери, тонец ….репортери и уредници па на крајот и директори.Треба да се сменат навките во МРТВ како се работи и што значи јавен сервис, таа стара пракса ќе биде поголема блокада за реформи отколку самиот закон.  Ако така се тргне може да се убрза враќањето на украдената МРТВ, а можеби и експресно решение би било кога одново секој би конкурирал за своето работно место.

Сигурен сум дека  проблемот не е само до законот, закони има инплементација нема и поважното нема мотивација  за професионалност ниту од надвор  ниту од внатре. Мора да се тргне со реални концепти пред се во интерес на јавноста, враќање на довербата, на програмата,гледанста  враќање на МРТВ на новинарите , па  тогаш мислам дека ниту претплатата ниту процентите ќе бидат најважни и  никому нема да му пречат – вели Драган Антоновски.

Прва македонска телевизија

Македонското радио е основано на 28 декември 1944 година и затоа овој датум се смета за официјален почеток на функционирањето на МРТ. Македонската телевизија, како интегрален сегмент на МРТ, е основана на 14 декември 1964 година. До 1993 година за основач на Македонската радио телевизија е наведено Собранието на Република Македонија.

На почетокот МРТ функционирала во рамките на Југословенската радио телевизија, а по осамостојувањето на Македонија, и телевизијата започнала да функционира самостојно. Во 1993 година МРТ стана активна членка на ЕБУ.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.