Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски канабис форум – законски измени за легализација на канабис

0
By Нова ТВ on October 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под слоганот #ЛегализацијаСега, Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ на 30-31 октомври го организира првиот Македонски канабис форум, кој поради состојбата со Ковид пандемијата ќе биде во онлајн формат.

„Форумот ќе се состои од прес конференција на која ‘БИЛКА’ ќе ги презентира своите барања пред јавноста во насока на подобрување на законските регулативи за медицински канабис и во насока на легализација на канабис“, соопштуваат од „БИЛКА“.

Дополнително, најавени се и панели каде ќе биде дистурирани медицински, бизнис аспекти и човекови права.

Како прво, „БИЛКА“ бара декриминализација на канабис преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик со законско детерминирање на количина за лична употреба од педесет грама. Потоа, бришење на кривична евиденција на уживатели на канабис судени за „намера за продажбa“.

„Легализација на канабис како нормален тек по декриминализација. Дозволено одгледување на до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне и три растенија за рекреативни цели. Задолжителна регистрација при државно тело“, соопштува Здружението.

Понатаму, итна измена на Правилникот на Министерство за здравство со проширување на листата на области каде може да се препише канабис, која заглави на четири (канцер, мултиплекс склероза, епилепсија и ХИВ)

„Измена на истиот Правилник во насока на дозвола на препишување канабис и од страна на приватни лекари. За нас е нејасно како хирург во приватна болница може да оперира отворено срце а не може да препише канабис“, велат од БИЛКА.

Бараат и воведување на услов за секе правно лице да добие лиценца да мора 10% од производите да ги пласира на македонскиот пазар. Иако максимално го подржуваат развојот на бизнис секторот, сметаат дека е недопустливо како држава да овозможуваме ваков бизнис, а целосниот пласман да оди надвор.

„Која е тогаш поентата и што фајде имаат граѓаните од легализацијата во медицински цели? Ова оригинална идеа на ‘БИЛКА’ која датира од самото основање во 2017та“, велат тие.

Исто така, бараат носење на Закон за канабис како lex specialis со кој ќе се инкорпорираат бројните области кои го тангитраат канабисот, пациентите и уживателите. И за ова велат дека е оригинална идеа на „БИЛКА“.

„Основање на посебна Агенција за канабис или засебно одделение при МАЛМЕД. Оригинална идеа на ‘БИЛКА’ од самото основање. Основање на Институт за канабис при Земјоделскиот факултет на УКИМ, преку измени во Законот за високо образование. Оригинална идеа на ‘БИЛКА’ и пар професори од Земјоделски факултет“, соопштуваат од Здружението.

Инаку, периодов повеќе здружени организации преку иницијативата „Операција Ослободување“ излегоа со свои барања за канабисот, а од Владата вчера рекоа дека се отворени во секој момент да разговараат за суштински за решение за декриминализација и депенализација, преку измени во кривичниот законик и законот за прекршоци.

извор:радиомоф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.