Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот останува единствен службен јазик на целата територија и во меѓународните односи

0
By Нова ТВ on January 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска со како што се наведува „лажните вести и невистини“ за примената на Законот за употреба на јазиците.

-Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, беше донесен соодветно на предвидените процедури во Собранието на РМ. Опозицијата ги имаше сите можности амандмански да учествува во усовршувањето на законот. Опозицијата сама донесе одлука да не учествува во политичкиот процес на донесување на Законот за употреба на јазиците. Неучеството не ја исклучува политичката одговорност на опозицијата за нивното одбивање да бидат дел од унапредувањето на правата на граѓаните во нашата земја, велат од Владата на РМ.

Оттаму посочуваат дека, лажните или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во буџетот и за нови вработувања се само изговори и опструкции на опозицијата.

-Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува Законот и како што беше утврдено со политичкиот  договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања, стои во соопштението од владината прес-служба.

Спроведувањето на законските одредби, како што истакнуваат од Владата, е обврска на сите институции опфатени за негова примена.

-Погрешно и манипулативно е тврдењето дека Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, ќе го издигне албанскиот јазик над сите останати јазици во Република Македонија. Вистината е нешто сосема друго, односно работата на Агенцијата ќе се однесува на сите јазици, се додава во сооштението.

Агенцијата, како што појаснуваат од Владата, ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска, турска, ромска или друга етничка заедница ќе има потреба од каков бил документ на друг јазик, покрај македонскиот јазик, тогаш Централната агенција ќе им излезе во пресрет на тие граѓани, да им обезбеди услуга на нивниот мајчин јазик којшто најдобро го разбираат.

-Тоа значи дека во институциите во општините каде што немнозинските заедници не се застапени со повеќе од 20 отсто од граѓаните, нема да се вработуваат нови административци за исполнување на одредбите од Законот за употреба на јазиците, а услугите ќе бидат обезбедувани преку Централната агенција за која ќе бидат ангажирани постоечки капацитети од јавната администрација, се додава во соопштението.

Од Владата на РМ посочуваат дека не е точно и тврдењето дека повеќе официјални јазици има во држави во кои има повеќе автономни делови и дека со овој закон се загрозува унитарноста на Македонија.

-Унитарниот карактер на Македонија не е доведен во прашање, a законот нa ниту еден начин не ја загрозува употребата и заштитата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дека поголемите права за етничките заедници не ја за загрозуваат унитарноста на државите говорат и следните примери на унитарни држави кои имаат два или повеќе официјални јазици: Црна Гора (црногорски, српски, босански и албански), Малта (малтешки и англиски), Финска (фински и шведски, иако има пет отсто Швеѓани), Израел (хебрејски и арапски, нив ги има 20 отсто), Косово (албански и српски), Белорусија (белоруски и руски), , Кипар (грчки и турски), Ирска (ирски и англиски), Казахстан (казахтански и руски), се истакнува во соопштението.

Од Владата нагласуваат дека Законот е обврска од амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, а особено во врска со став 2 и став 5 амандманот 5 од Уставот. Наведениот амандман на Уставот е донесен во 2001 година, пред речиси 18 години, а самиот закон не е прв закон од оваа сфера, туку следи после Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 2008 година и измените и дополнувањата на Законот од 2011 година.

-Употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е регулирана со ставот 1 од наведениот амандман на Уставот и со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година и при тоа македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи. Законот за употреба на јазиците не го дерогира постоечкиот Закон за употреба на македонскиот јазик, се истакнува во соопштението.

Законот, како што истакнуваат од Владата, не воведува целосна двојазичност, ниту на целата територија на Република Македонија, ниту во сите области на правниот поредок.

-Во меѓународните односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика, македонскиот јазик е единствен официјален јазик во Република Македонија, што е утврдено со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Согласно заклучок на Владата, Законот за употреба на јазиците ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија од страна на Министерството за правда, и сите евентуални забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој Закон, како гаранција за целосно почитување на европските стандарди.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.