Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските актери нема да синхронизираат турски серии

0
By Сашка Цветковска on June 3, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

(НАПОМЕНА: Ова е измислена сатирична вест)
Стотици македонски актери со поддршка од своите колеги – уметници од разни сфери денеска излегоа пред турската амбасада да ја изразат нивната поддршка кон владата на Ердоган, но и својот револт кон колегите актери од Турција, особено тие од турските серии.

Тие ја повикаа колешката од Македонија Сабина Ајрула која е дел од екипата на Велиствениот под итно да се врати дома и да не денгуби со тие вандали и предавници, но упатија и барање од Турската влада да не им прости на актерите и веднаш да ги тргне од било какви програми за култура во Турција.

“Ние нема да го читаме вашиот срам”, “Сулејман предавник на татковината”, “Сега знаеме зошто го уби Ибрахим Паша, злосторнику”, “Сабина дојди си, и тебе ќе те отрујат” и “Правда за Ердоган” беа само дел од многубројните пароли на македонските уметници.

Велат, најстрашниот удар ќе им го зададат на турските продуценти бидејќи од сега па натаму одбиваат да синхронизираат серии во кои глумат актери кои се дел од пучот врз турскиот премиер.

-Мојот ценет глас никогаш нема да заврши врз некој од тие ликови, повторувам НИКОГАШ. Со што го заслужи тој човек Ердоган сето ова? Со што?, прашува еден помлад актер од Алтернативниот театар “Покорни”.

Актерите биле толку вознемирени што некои од нив кога ги здогледале стравотните слики од нивните идоли во редовите на бунтовниците, посегнале по средства за смирување.

-Многу се потресов кога го видов лично султан Сулејман на протестите заедно со тие вандали кои сакаат да ја срушат владата на Ердоган која победува на демократски избори. Малку успеав да се потсмирам, исклучив интерент и почнав да ја читам преродбата, знаете ми делува стимулативно. Некои наместо преродбата, го читаат и годишниот план за култура, ама јас сум, ете, малку поромантичен побунтивнички тип, па сакам за се да си читам и за економија и за социјала … И да се вратиме на темата, на тој вандал Сулејман му се придружила цела екипа од Величествениот. Какви уметници се тие луѓе не сфакам, вели
актерот и директор на театарот “Скопско-париски раскош” Дени Лалев.

-Зарем му личи на еден султан, на еден човек и уметник кому му било доверено да глуми таква важна личност од турската историја да го прави ова. Мене господо ни преродбата не ми помогна, ни годишниот план, ни стратегијата за трето дете, ништо, јас земав три хелекса, вели актерот Робин Муртеновски.

Забелешки упатија и до социјалните мрежи, особено твитерџиите, кои во овие тешки времиња за турската влада се покажале бесчувстителни кон вистинските пријатели на земјава

-Јас сум скандализирана од начинот на кој македонската твитер заедница ги поддржува протестите во Турција. Тие луѓе немаат никакво чувство за државност, зарем не сфаќаат дека ако ова им успее на тие вандали од власт ќе биде симнат еден голем пријател на Македонија. Апелирам до владата на РМ веднаш да интервенира и да ги прекине овие субверзиии на интернет, да не се брукаме пред нашите турски пријатели во владата на господинот Ердоган, револтирано вели директорка на театарот за намалување на штетите од општата македонска трагедија, Јеца Меца.

Во меѓувреме, се шират гласини дека македонската влада на чело со минитеркта за култура Летка, понудиле план за спасување до владата на Ердоган.

-Има разни предлози, меѓу кои и таков да се запишат сите македонски актери на интензивен курс по турски јазик и тие да му ја понудат својата поддршка на Ердоган во филмската уметност, значи културата не смее да замре. Еве писателов Мандоновски вели пак да им пишеме писмо, ама јас сум против, тоа нема ефекет, знаете и сами што се случи последен пат на Филе кога му пишувавме, ништо, вели познатата македонска поп дива Караоке која е дел од владиниот тим за брзи интервенции во сферата на уметноста, културата и спортот.

Таа одби да одговори дали е вистина или шпекулација гласината дека министерката за култура дала предлог до владата на Ердоган на Таксим плоштадот да изградат нов театар во барок наместо предвидениот шопинг мол. Од владата на Ердоган наводно сериозно се размислувале за овој план имајќи ги во предвид компатаритивните искуства од Македонија, а планот на министерката Летка Камчева предвидидувал овој потег да се понуди како компромис на бунтовниците и таа лично му гарантирала дека за вакви градежни потези ретко кој се буни, давајќи го македонскиот пример.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.