Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во третиот настап во групата Б од Европската сребрена лига на ЦЕФ, откако вечерва во Скопје загуби од Албанија со 1:3.
Албанските одбојкари го освоија првиот сет (25:23), по што избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ возвратија со 25:20 за израмнување на резултатот, но гостите ги освоија следните два сета (25:17, 25:22) за втор пораз во низа на селекцијата на Македонија.
Реваншот во Тирана е в сабота со почеток во 19 часот.
Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата Б, Романија ја совлада Босна и Херцеговина со 3-0 и со максимални три победи води на табелата.