Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско – американските односи издигнати на ниво на незаменливо сојузништво

0
By Mirjana on March 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Добрите македонско – американски односи кои американската страна ги толкува како незаменливо сојузништво, уште еднаш се потврдени во телефонскиот разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан. Поддршката на Вашингтон за земјава, доаѓа од целосната посветеност на Северна Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО, рекол Блинкен во телефонскиот разговор со Ковачевски, информираат од Владата.
Притоа Блинкен ја поздравил новата динамика во македонско – бугарскиот дијалог и изразил надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ.

– САД и Северна Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која нè прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата, констатирал во разговорот американскиот државен секретар Блинкен.

Од своја страна, претседателот на Владата Ковачевски ја изрази благодарноста на народот и на Владата за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи а за  стратешкото партнерство со САД рече дека е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство во НАТО, заклучил Ковачевски коментирајќи го членството во НАТО како огромна привилегија и одговорност.

Премиерот Ковачевски ја осуди руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право, ја реафирмира цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја поздравија брзата, обединета и решителна реакција на меѓународната заедница.

За време на разговорот Ковачевски и Блинкен изразија задоволство од усогласеноста и ефикасната координација на НАТО и ЕУ во санкционирањето на Русија, како и во организирањето на ефикасна поддршка за Украина кон која се приклучи и Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски ја изрази неговата благодарност до САД за поддршката за Северна Македонија во евроинтегративниот процес и го поздрави апелот на САД дека е потребно негово забрзување со отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Ковачевски потенцираше дека нема време за губење и дека секое натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко да ја отвори вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот.

Телефонски разговор Ковачевски- Блинкен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.