НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско семејство во Австрија вдоми бегалец

0
By Борјан Јовановски on October 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јелена Хаџи-Митрова (Еци) и Горјан Заревски- Бак се Македонци кои 25 години живеат во Мондзе, Австрија, на 30 километри од Салцбург. За време на напливот од бегалци во градот тие му го понудиле својот дом за живеалиште на младиот Закариа Нхили од Сирија, кој сега го сметаат за дел од нивното семејство. Зак моментално работи мозаици, но планира да продолжи да се занимава со атлетика и да го изучува германскиот јазик

Како и зошто се одлучивте да примите беглец од Сирија во својот дом?

Ние ништо не одлучивме, се се случи по некаков природен тек, без претходни договири и планирања.

Како стапивте во контакт со него?

Контактот беше спонтан и неманетлив. Во еден парк во Салцбург, како завршница на протестот за отварање на границите, „Welcome refugges“, беше организиран собир, дружење на беглаците и салцбуржаните. Многу корисна забава, една мешавина на бои, нации, култури, јазици, идеи, интереси, со многу музика, спорт, уметност.

Во таа гужва ни пријде Закарија и низ разговорот разбравме дека е атлетичар и дека прави мозаици од стакло. Ни покажуваше слики, се распрашуваше каков е интересот за мозаици во Сацбург и каде евентуално би можел да набави материјал. Бидејки ништо не можевеме да му помогнеме, му понудивме да поршетаме до галеријата на наши пријатели, со надеж дека од нив ке добие повеке информации. Поминавме прекрасна вечер и се разделивме со намера набргу повторно да се сретнеме.

Утредента добив порака од него дека сите сиријци од кампот во кој беше сместен, во текот на следниот час ке ги селат во Словачка. Не знаев како можеме да му помогнеме и прво што ми падна на ум, беше да го прашам дали би сакал да се пресели кај нас, ако е воопшто можно. Се разбира дека сакаше и беше можно, но административно сложено. Во една неубава трка со времето, успеавме да го извадиме од кампот и така Закарија стана дел од нашето семејство. Сите останити сиријци беа префрлени во Словачка, држава која неколку пати се изјасни дека не сака ниту еден бегалец а беше принудена да прими неколку стотини.

Многу бргу се навикнавме на заедничкото живеење, Зак е задоволен, може повторно да работи на неговите мозаици, секојдневно може да тренира и до некаде да се врати на ритмот кој го живеел до пред четири години. Постојано сме во контакт со неговото семејство во Јордан, што нему, а верувам и ним, му даваат сила да истрае.

Кое е вашето мислење за бегалската криза?

Не знам колку можам да бидам реална, по сите убави и неубави доживувања. Салцбург е преполн, делови од касарни, училишта, спортски сали, подземни гаражи, некогашните гранични премини кон Германија се е претворено во прифатилишта за бегалците. Имав можност да влезам во еден од камповите во кои условите не беа лоши, но сликата на сите тие лица, очи, тела преполни со страв, умор, неизвесност, надеж, нема никогаш да ги заборавам и ќе ми предизвикуваат горчина цел живот. Дали тоа ке ме приближи до реалноста или оддалечи, не знам.

До оваа криза не смееше да дојде, како ни до сите претходни, за жал и идни. Познавачи на тој дел од Азија години наназад предупредуваа на можноста за актуелнава состојба. Ако веќе никој не можеше да ја спречи, што не верувам, можеше барем некој подготвен да ја дочека. Сега состојбите се решаваат краткорочно, од денес за утре, а со тоа бегалската кризата се претвори во криза на ЕУ.

Колку и да звучи банално, ако постои искрена воља ова да се реши, не гледам друг начин туку наместо во бомбардер, да се седне на маса ,без разлика дали соговорникот е почитуван државник, диктатор или терорист.

Што мислите за односот на ЕУ кон овој проблем?

ЕУ скоро да не се справува со оваа криза. Во некои делови не може, во некои не знае, во некои не сака односно нема интерес. Самоорганизирањето на доброволците, волонтерите, здруженијата, на народот, функционира беспрекорно за разлика од неорганизираноста на оние, на кои тоа име единствена обврска.

Зборувам од човечки аспект не од стратешко/политички … и настрана прв, втор трет Даблин, се покажа дека заедништвото на ЕУ функционира само кога треба да се справи со финансиска криза на држава, банка или концерн.

Милијарди се вложуваат во обезбедување на границите, во жици, ѕидови, сателити, радари, во специјални патроли обучени да ги чуваат надворешните граници на ЕУ, во уништување на шлеперите и бродовите кои илегално пренесуваат бегалци. И сето тоа не го намали бројот на бегалците туку го зголеми бројот на жртвите. Само во Бугарија, ЕУ вложи 300 милиони евра ѕа обезбедување на границата, а 5 милиона за интерграција на бегалците.

Се додека главниот акцент при секоја дискусија за законите за азил се става на мерките за заштита на границите, бројот на жртвите ке се зголемува. Официјалнтата бројка, засега, е 15.000 жртви!

И по долгото натегање ЕУ конечно реши, а некого мораше да принуди, 160.000 бегалци од Италија и Грција да бидат распределени по земјите на ЕУ. Во однос на преку 500 милиони жители, колку што има ЕУ, тоа е помалку од капка а во однос на 1,5 милиони бегалци, колку што во моментов има во Либанон, е голема срамота. Ажурноста во спроведувањето на оваа акција треба да се покаже денес: 19 бегалеци, деветнаесет!!! треба да бидат префрлени од Италија во Шведска. Утре можеби ќе бидат пеесетина.

По потекло сте од Македонија. Какво е вашето мислење за односот на Македонија како транзитна земја кон бегалците?

Во разговор со бегалците, секогаш ги прашувам како поминале низ Македонија. Искустава се различни. Некои биле третирани како вреќи компири, некои плаќале за шише вода по 5, некои по десет евра, други пак се воодушевени, биле пречекани како дома … кој на кого налетал.

Вчера слушнав дека транспортот од Гевгелија до српската граница, бегалците ги чини 25 евра по карта. Се надевам дека државата не е дојдена до тоа дереџе, да се финансира со парите на бегалците.

Бројни се шпекулациите за тоа дека бегалците кои се муслимани по вероисповест се закана за христијанството во Европа. Каков е вашиот коментар за овие гласини?

Секојдневно слушам за некакви заговори за исламизација, договори за исцрпување и изгладнување на Европа, дури и за тенденциозно манипулирање со машко/женскиот баланс во Европа, во корист на машката популација. Не можам да верувам дека постојат луѓе кои својата енергија ја вложуваат во убедување на околината во овие приказни.

Не разбирам како исламизацијата технички би се извела. Ако во еден град се изградат десет џамии, значи ли дека ќе има десет цркви помалку!? Ако илјада души не јадат свинско месо, значи ли дека свинско месо веќе нема да се произведува !? Навистина не разбирам како изгледа таа слика во фантазијата на луѓето кои се оптеретуваат со тој страв. Не сум верник и во моментов најмногу ме плаши порастот на приврзаниците кон радикалната десница во Европа … што е факт кој се потврдува секој ден. Тоа е реален страв.

Со доаѓањето на Закариа, нашето секојдневие значително се измени, претпоставувам и неговото. Меѓутоа имам навики, кои не можам и не сакам да ги менувам, а Закариа мора да ги прифати, нема друг избор. Од друга страна, јас не знам што он прави кога е сам во неговата соба. Дали он се моли по пет пати на ден или гледа порнографија, тоа е негова работа и мене воопшто не ме интересира. Ниту може да ме убеди дека треба да гледам порнографија, ниту дека треба да бидам верник.

ЗАКАРИА НХИЛИ: Делот од градот во кој живеев веќе не постои

Закариа Нхили e роден сум во Сирија, во градот Хомс кој го напушти поради војна. Тој за НОВА вели дека најубавиот период од неговиот живот завршил пред четири години, кога на мирните демонстрации во Хомс, Башар ал Асад одговорил со тиранизирање на населението.

-Во 2012 година, по смртта на мојот помлад брат, заедно со моето семејство се преселив во Ирбид, во Јордан. Требаше да живееме само од помошта што ни ја даваше државата што никако не беше доволно, па почнав да работам и покрај тоа што ни беше забрането. Заради тоа по година ипол бев протеран од Јордан.

Се вратив во Сирија каде што започна мојата нова авантура со наслов „Бегство од интензивното бомбардирање“. Се криев наоколу, бегав од град во град, додека не решив повторно да ја напуштам земјата. Отидов во Турција и најдов работа. По една година деноноќното работење, сите пари кои ги заработив ги вложив во патот кон Европа, раскажува Закариа.

За него најтешкиот и најскапиот дел од целото патешествие бил патот преку море.

-Целото патување беше многу напорно. На грчко/македонската граница, од грчката страна успеав да влезам во возот, предвиден само за фамилии, така да во Македонија воопшто не стапнав. Подоцна, во Унгарија се изгубив од групата и сам пропешачив 200 км. По пат ги изгубив чевлите и така бос влегов во Австрија. Но патот од Турција до Грција, преку море, беше најтешкиот и најнеизвесен, а најскап дел од целото патешествие, вели тој.

На прашањето дали смета дека кризата во неговата земја ке биде решена и дека наскоро ќе може да се врати дома, Закариа вели:

-Не мислам дека војната набргу ќе заврши, затоа што во државата не се само две туку неколку завојувани страни. И не само тие, туку од надвор се вмешани други држави, кои претпоставувам заради своите интереси, поддржуваат една или друга страна.

Делот од градот во кој живеев веќе не постои, но се разбира дека сакам да се вратам во Сирија, само кога и ако заврши војната.

Според Закариа, семејство кое го вдомило е прекрасно. Планира да продолжи со своите обврски, да научи германски и да тренира атлетика.

-Да, сега живеам во Австрија со едно прекрасно семејство од Македонија. Интензивно работам на моите мозаици, учам германски и секојдневно тренирам. Имам желба да учествувам на Австрискиот зимскиот шамионат во атлетика кој ќе се одржи во февруари и на пролет да направам изложба на моите мозаици во Салцбург, но додека не ми биде решен статусот во оваа држава, не би сакал да правам големи планови, вели Закариа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.