НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско сценарио 2

1
By Нова ТВ on March 30, 2017 ВЕСТИ
Белград 10 март 1991 година, извор: Пешчаник
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Мијат Лакичевич за Пешчаник

За таканареченото „македонско сценарио“ со кое Александар Вучиќ ги бомбардира граѓаните на Србија во последно време и преку рекламните спотови, веќе пишувавме но бидејќи заканите не престануваат, па дури тој и ги засилува, мора да повториме и нагласиме некои работи.

Што е тоа, најпрвин, што се случува во Македонија? Накратко, опозицијата успеа да направи мнозинство во Собранието доволно за да состави нова влада. Потоа, претседателот Иванов одби да го предаде мандатот на новото мнозинство за формирање влада, а поранешниот премиер Груевски, кој одбива да ја предаде власта, организира демонстрации. Немирите се последица на одлуката на претседателот и премиерот практично да не ги признаат резултатите од изборите.

Македонското сценарио во Србија според ова не е тешко да се изведе заклучок дека за Вучиќ, кој во случај да победи, значи дека барем некое кратко време ќе биде дупли претседател на Владата и Републиката, што не било случај ниту во време на комунистите, а ретко се случува и во латинско- американските диктатури. Доколку пак изгуби, нема да сака да ги признае резултатите на изборите. И ќе се организираат немири. Нема сомневање дека тој е единствен во ситуација тоа да го направи. Зарем тој со својата армада тоа веќе не го манифестираше ширум цела Србија за време на претседателската кампања?

Овде има и уште еден важен детаљ. Кој всушност воопшто не е ситен и може да биде од пресудно значење. Се уште актуелното раководство на Македонија, кое одбива да ја почитува народната волја, ужива во полна поддршка од Русија и нејзиниот претседател, Владимир Путин. Се наметнува прашањето, дали можеби Вучиќ, за тоа разговарал со него пред некој ден во Москва. Бидејќи клучното прашање кое Путин го поставува, она кое како што се вели во весниците, „го вратил од врата“, се однесувало на регионалната политичка ситуација и регионалната стабилност.

Украинското сценарио, и на тоа да потсетиме, кое Вучиќ во првите настапи исто така го користеше како метафора, но веќе не го споменува – почна многу слично како македонското. И таму, раководството на државата одби да ја почитува народната волја изразена во одлучното определување Украина да оди по патот на приклучување на Европската унија. И тоа раководство, кое во меѓувреме е тргнато, исто така имаше поддршка од Русија и Путин, што на крајот доведе до граѓанска војна, поделба на земјата и руска анексија на Крим.

„Ракописот“ на Путин станува се повеќе препознатлив и јасен. Тоа силно оружје кое Русија малтене за џабе и го дава на Србија, всушност е „данајски“ подарок. Туе тенкови, кои секој час треба да стигнат, се тројански коњ со кој Русија се обидува да ја окупира Србија.

Изборите се прилика ова сценарио да се сосече во корен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.