Ова е објектот во кој што е сместен Заводот за физикална медицина и рехабилитација, кој с е наоѓа во Капиштец. Во видеото погледнете како во 21 век изгледа еден важен сегмент од македонското здравство, кој има и амбулантски и болнички дел.


Сликата која ќе ве пречека при влезот е ужасна: Руинирани sидови, прозорци, врати, дупки во подовите, искинати душеци на кои пациентите изведуваат вежби.



Најголемиот дел од Заводот останал ист, како пред 50 години.



Заводот кубири со персонал, а фреквенцијата на пациенти е голема. Само во текот на минатата година низ Заводот поминале 10 200 пациенти.


Очајната состојба во зградата ја чувствуваат и пациентите и вработените. Досега не е најавено никакво реновирање на објектот во кој се доаѓаат пациенти од цела држава.


