Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

0
By Zoran Ivanov on June 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние во Македонија сме заробени во лагата на чувствителноста, односно на лицемерноста, на моралот без етика, живееме неприродно, раководејќи се од лажните слики и наводни обврски за себе и за другите. Не постојат Македонци кои би ставиле малку муниција во ќумбето на вмро, независно од тоа што сѐ им прават вмороните.

Бранко Тричковски

Сте забележале ли дека кај некои високи функционери на вмро рамената како да им излегуваат од ушите, а кај други од пазувите?

Првите како да се хомоидна мутација на морските желки, а вторите на слотовите – животните кои цел живот висат на дрвјата со главите удолу и ја гледаат стварноста на комитски начин, односно наопаку!

Исклучок е нивниот лидер кај кого рамената му се наместени како кај хомо сапиенсот, но главата му е како бројлер изваден од замрзнувач пред еден час, малку лигав, но сѐ уште тврд.

Некои велат дека комитите се дефекти на еволуцијата, но јас мислам дека, всушност, се специјално остварување на дарвинизмот кое им овозможува непосредна врска меѓу мислите и делата, било да мастурбираат или нешто да уриваат. Уште пред да ја дооформат мислата за некое зло, за нешто лошо, штетно, несреќно, тие веќе ги покажуваат своите злодела на своите телевизии, односно на сите, како готови уметнички работи во слава на македонскиот народ, на неговите национални и државни интереси и на неговата славна историја.

Најголемата грешка, сепак, не се тие, туку сите други кои кон нив се однесуваат како кон нормални луѓе.

Уште повеќе, како кон супериорни поединци организирани во супериорна инсталација која ќе ги спаси.

Не се нормални и не можат да бидат комуницирани на нормален политички или прост човечки начин.

Луѓето стануваат опчинети со злото и тоа ги тера, како што пишував во една претходна колумна, да ги издигнуваат мачителите до нивото на демонски престапници кои имаат сила да ги надминат нивните бедни морални начела и да делуваат слободно.

Наместо да се потрудат да ги освестат основите на својата супериорност и да разберат дека многу лесно би можеле да се ослободат од говњарите.

Жижек вели дека светот би бил попријатно место за живеење кога чувствителноста би била заменета со студена и окрутна страст.

Не сум сигурен, но вреди да се запознаеме со идеите на  Агота Криштоф која во „Големата тетратка“ нуди интересна разрешница на двојноста меѓу моралот кон кој се придржуваме затоа што ни се допаѓа себе да се гледаме како добри, гледајќи се со очите на другите, и етиката во која го работиме она што мораме не затоа што сме добри, туку затоа што така мораме да постапуваме.

Излезот од таа пречувствителност и истовремено лажност и лицемерност, Агота го наоѓа во хорор приказните за студената, сурова и истовремено страстна дистанца кон она што го прават две деца преку автоматизирано рационализирање на постапките и ослободување на солидарноста од чувства.

Најдобра пријателка на главните јунаци на Агота, близнаци кои живеат во некое унгарско гратче во текот на Втората светска војна, е домарката на попот, млада похотна жена која си играла еротски игри со децата. Еден ден жената и децата стоеле пред куќата додека колона изгладнети Евреи била спроведувана низ градот на пат кон логорот.

Точно пред нив од колоната се испружила една рака и се чул глас:

– Леб!

Домарката се насмеала и се преправала дека остатокот од своето парче го дава, но само го задржала блиску до испружената рака, а потоа низ гласна смеа го вратила во својата уста и рекла:

– И јас сум гладна!

Близнаците решиле да ја казнат: ставиле малку муниција во нејзиниот шпорет и кога следното утро домарката го потпалила огнот, шпоретот експлодирал и ја искасапил жената.

Жижек опширно ја цитира Агота во „Чудовишноста на Христос“ и заклучува дека тој би сакал да биде етичко чудовиште без чувства, да работи тоа што треба да биде направено во извртеното преклопување на слепата спонтаност и мисловната дистанца, помагајќи им на другите, избегнувајќи ја нивната одвратна блискост. И благодарност.

Од чувствителноста на моралот, близнаците излегуваат во наивноста на етиката која не го исклучува промислувањето.

Ние во Македонија сме заробени во лагата на чувствителноста, односно на лицемерноста, на моралот без етика, живееме неприродно, раководејќи се од лажните слики и наводни обврски за себе и за другите.

Не постојат Македонци кои би ставиле малку муниција во ќумбето на вмро, независно од тоа што сѐ им прават вмороните.

Нели е очигледно дека кон колоните на ожалостените родители на младите луѓе што изгореа во кочанската шупа, комитите се однесуваат како домарката на попот кон колоната Евреи во малото унгарско гратче?

Не им го даваат за живот тоа што самите можат да го украдат!?

Кон целата нација го прават истото: си ги враќаат залчињата во своите усти и ни се смеат.

Затоа што стравот од власта и од моќта која не мора да е власт како и стаписаноста пред лажниот мит ги блокираат сите активности на Македонците и тие се претвораат и се однесуваат како ништо.

Во едно бескрајно трпна состојба.

Муницијата не мора да биде со барутно полнење, иако со оглед на најголемото мирновременско зло во историјата на човештвото што овие идиоти им го прават на луѓето, на нацијата и на државата, не би имал ништо против во нивниот шпорет да се пикне и противтенковска мина.

Македонците одбиваат како муниција да ја употребат вистината.

Вистината е сосема доволна.

Но, Македонците се вљубени во лагата за себе и не би сакале дури и на овој последен бал на Историјата да ја зашлакаат таа своја шминка.

Ќе ја задржат како посмртна маска.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

бранко тричќковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.