НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: Вработените не треба да бидат загрижени за исплатата на плати

0
By НОВА ТВ on October 15, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот состанок ги уверивме двата синдикати дека како Управен одбор ќе продолжиме да работиме посветеново за добробит на сите. Ги уверивме дека не треба да бидат загрижени за финансиската стабилност за испплата на плати. Денеска уште утрово, во законски рок, како што е предвидено, беше исплатена платата за сите 2.400 вработени, истакна на денешната прес-конференција генералниот директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули.

Тој наведе дека на состанокот било договорено, по зголемувањето на минималната плата од 1 јануари, да се разговара како ќе го зголемат бодот, односно како да ја зголемат платата на вработените.

Макардули истакна дека по денешниот протест на вработените во АД „Пошта“ во Охрид, одржал состанок со претставници од двата синдикати, каде нагласил дека откако е составен новиот Управен одбор, од 11 ноември досега се потпишани 87 договори со нови комитенти.

– Воведена е за прв пат електронската трговија каде што во овој момент има 14 коминтенти коишто продаваат производи преку нашата платформа, воведени се нови услуги, воведена е флексибилната достава. АД „Пошта“ на Северна Македонија има најбрза и најефтина цена за достава, како во Скопје, така и низ земјата. Вложивме како инвестиција ќе ни има и во новиот шопинг мол „Ист гејт“ каде што воведуваме нова услуга со „ќеса на адреса“ и со сите тие услуги ги уверивме претставниците на синдикатите да не се грижат за идинината и вработените да не се грижат како за своите работни места, така и за платата, бидејќи сите овие постапки и чекори кои што се направени носат резултати, потенцираше Макрадули.

Тој додаде дека во првите шест месеци од оваа година зголемени се приходите од поштенски услуги од писмоносни приходи за 10,3 милиони денари, приходите од пакети зголемени се за 1,7 милиони денари, зголемена е продажбата на марки на филателистичкиот пазар и приходите се зголемени за 0,9 милиони денари.

– За жал платниот промет којшто беше отежнат, односно не постоеше поради стечајот на „Евростандард банка“, сега го заживуваме со „Халк банка“, се уште во споредба со минатата година бележи загуби, но тенденцијата е дека сега веќе сме стигнати до неколку милиони трансакции, педесетина милиони денари од провизијата што ја имаме во однос 71/29, многу повеќе отколку што имаше во претходниот период со „Евростандард банка“, нагласи директорот на АД „Пошта“.

Макрадули информираше дека во овие девет месеци се исплатени 70 милиони денари, што е, како што рече, за 30 милиони денари повеќе исплата кон компаниите во споредба со 2020 година.Тој додаде дека Управата има за цел една година после составувањето на овој Управен одбор, да нема повеќе долгови од 2020 година.

– За да ги зголемиме приходите и да бидеме поприсутни, бидејќи мотото на овој управен одбор е „да ја вратиме Пошта кон граѓаните“ аплициравме во Министерството за информатичко општество и администрација да станеме е-точка за услуги бидејќи ние имаме мрежа, компијутерска и податочна на 335 места низ државава и на тој начин и Владата ќе биде потранспаретна и подостапна, но пред се на граѓаните ѓе им бидат олеснети некои услуги, рече Макрадули.

Имено, како што претходно јави МИА, денеска вработените од подружниците на „Македонска пошта“ од Охрид, во нивно и во име на колегите од Струга и Дебар, преку протест ги посочија лошите услови за работа, како и пролонгираните исплати на месечните лични доходи на вработените.

На денешниот протест во Охрид тие побараа навремена исплата на плати, одржлив развој, инвестирање и одржување во основните средства за работа, како во делот на платниот промет, така и во делот на достава.

Според нив, исплатата на месечните лични доходи на вработените се пролонгира со задоцнувања од месец во месец, се работи со дотраени средства за превоз на поштенските пратки, како и несоодветни униформи, што сето заедно неповолно се одразува на квалитетот на услугите што ги дава субјектот.

– Бараме од менаџерскиот тим да има посериозен пристап и да покажат разбирање дека сепак во прашање се егзистенцијални прашања на сите вработени…Да се преземат конкретни мерки и чекори за решавање на ваквата состојба и нормално функционирање на „Македонска пошта“, како што доликува на една ваква компанија која е од стратешки интерес на државата, изјави Тони Матески, претставник на Синдикатот на „Македонска пошта“.

Тој посочи дека вработените се соочуваат со недостиг или несоодветно одржување на основните средства за работа, од соодветни компјутери, принтери, тонери, хартија, се до дотраеноста на средствата за физичка достава на пратки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.