Елисејската палата соопшти дека прмирје не е на повидок во Украина по одвоените телефонски разговори на францускиот претседател Емануел Макрон со неговите колеги од Украина и од Русија, Володомир Зеленски, односно Владимир Путин.
„Засега мема договор, но претседателот е убеден оти е потребно да продолжи со обидите“, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час. Денешниот разговор меѓу двајцата државници е осми од почетокот на руската инвазија врз Украина. Францускиот претседател од 24 февруари разговараше 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.