Настанот се случил синоќа нешто по 20 часот, кога е и пријавено во МВР дека на крстосницата од улиците Костурски херои и Благоја Давков, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. С. (46) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје на возраст од 16 години. Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
По укажувањето на лекарска помош, момчето денеска било пуштено на домашно лекување, информираат од полицијата.
„Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР.