Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Ќе ги доставиме до Антикорупциска сите вработувања и на опозицијата

0
By Нова ТВ on February 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е веднаш да се повлечат и вработените кои се блиски на функционерите од сегашната, но и од поранешната власт, кажа  денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес конференција за новиот Закон за инспекциски надѕор.

„Ги повикувам сите и од власта и од опозицијата, нагласувам и многуте илјадници од опозицијата. Сите податоци, и за едните и за другите, ќе ги доставиме до Државната комисија за спречување на корупцијата“ рече Манчевски.

Ние во јавноста години наназад реагиравме и дававме информации за блиски луѓе и роднини на сегашната опозиција, а тогашна власта. Да бидам искрен  јавноста претходно не беше толку  гласна и немаше никаква реакција од тогашните функционери. Оттогаш помина време, ниту тие преземаа чекор, ниту Државната комисија за спречување на корупција која постоеше тогаш, па  едно време не постоешено. Но, сега постои и се надевам дека конечно ќе преземе чекори, ќе ги види сите реални настапи во кои сме давале конкретни примери, но и ќе ги доставиме повторно ако треба, и оти ќе си преземе чекори за сите подеднакво, рече Манчевски.

Со законот  за високораководна служба што е во подготовка треба да се промени начинот за избор на лицата на високите позиции во администрацијата со вклученост на граѓанскиот сектор и универзитеите во комисиите кои ќе вршат избор и бодување на кандидатите.

– Да бидам искрен, проблемот е таму, во раководната служба, ако раководителот не се согласи на нешто нема да се случи и нема да може да се  врши притисок. Почнуваме од врвот и овој принцип ќе следи и понатаму, рече министерот Манчевски.

По реакциите во јавноста од работните места се повлекоа дедото на Александар Кирацовски,  мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадиновски која беше вработена во Централен регистер и синот на пратеникот Горан Мисовски.

Нема информација дали од ќе се повлечат и блиските роднини на пратеничките на СДСМ Мира Стојчевска и Милева Ѓорѓиева. Стојчевска и Ѓорѓиева не одговораат на телефонските повици и на пораките.

Синот на Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ,а братот во РЕК Битола. Синот на Ѓорѓиева е вработен како инспектор за јавна безбедност, снаата  во општина Радовиш на неопределно време, а братот како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“.

Од ДУИ засега молк за темата непотизам, иако во јавноста се открија и случаи на нептоизам поврзани со блсики роднини на нивни функционери.

Министерот за економија Крешник Бектеши  кажа дека  нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во АД МЕПСО, бидејќи, како што рече, не е вработена во Министерството за економија, полнолетна е, не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот.

Во АД ЕЛЕМ е вработена и Нертила Усеини Каба, сопругата за братот на сопругата на Бектеши.

На списокот на сомнителни партиски вработувања за кои Антикорупциската комисија соопшти дека ќе ги итсражи се и вработувањето во ЕЛЕМ на  сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, кој е од партијата „Алтернатива“, на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери во ЕЛЕМ, вработувањата во училишта  на сопругата на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, на сопругата на градоначалникот на Општина Неготино, вработувањето во МВР на сопругата на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.