Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски во Њујорк снима филм за Венецискиот фестивал

0
By on June 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Режисерот Милчо Манчевски заврши со снимањето на краток филм во Њујорк, под наслов „Четврток“. Филмот се работи по специјална покана на Венецискиот филмски фестивал и ќе биде премиерно прикажан на овогодишното, јубилејно издание на фестивалот.

Во чест на овогодишниот јубилеј, 70. издание на фестивалот, директорот Алберто Барбера ги покани режисерите кои влегле во историјата на фестивалот во Венеција, вклучувајќи го и Манчевски, да изработат кратки филмови на тема „Иднината на кинематографијата“.

Сценариото на краткометражниот филм „Четврток“ е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска.

Како што е познато, Манчевски го освои Златниот лав за најдобар филм во Венеција во 1994 за „Пред дождот“, кога освои уште девет други награди, а неговиот филм „Прашина“ го отвори Фестивалот во 2001. На Фестивалот подоцна беше воведена и наградата „Кругот не е тркалезен“ насловена така според мотото на филмот „Пред дождот“.

Минатиот месец, на Манчевски му беше доделено посебно признание од најстарата и најголема филмска школа на светот, филмскиот универзитет ВГИК во Москва. Манчевски беше прогласен за Почесен доктор на науки во филмската област.
Во Москва беа одржани две ретроспективи на филмовите на Манчевски: во Мултимедиа музејот и во Галеријата Солјанка, каде што беше отворена и неговата изложба на фотографии „Пет капки сон“. Московјани се редат пред галеријата за да ја погледнат изложбата.

Следниот месец, Манчевски учествува на конференцијата „Градење социјална кохезија низ култура во конфликтни и пост-конфликтни контексти“ во Амстердам. Во склоп на конференцијата ќе биде прикажан и неговиот најнов филм „Мајки“.

„Мајки“ ќе биде прикажан повторно во јуни и во рамките на циклусот „Филм на работ“ во организација на „Глобална филмска инцијатива“ во Њујорк.
Истиот филм ќе биде прикажан и анализиран и на Цукуба универзитетот во Токио, Јапонија во текот летово.

Деновиве излезе од печат книгата „Зум ин зум аут: преминување на границите во современата европска кинематографија“ во која авторите Сандра Бариале-Буше и Марџори Атињол Салводон меѓу другите големи автори на европскиот филм, се осврнуваат и на творештвото на Манчевски.

Овој месец во Рио Де Жаниеро, во рамките на манифестацијата „Фото Рио 2013“ ќе се одржи Фотосине Егзибисион, каде ќе биде прикажан „Пред дождот“. Филмот и’ е добро познат на бразилската публика, каде беше најпопуларен филм во 1994 и 1995.

Во наредните три месеци, Манчевски има закажано активности и во Филаделфија, Бурма, Турција и Германија.

Неодамна и Ханојската кинотека во Виетнам организираше ретроспектива на филмското творештво на Манчевски, на која присуствуваше и самиот автор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.